Возачот на Aprilia, Андреа Ианоне, на почетокот на 2020-та година ќе дознае дали ќе добие казна и ќе му биде забрането да настапува во MotoGP.
За неколку недели Андреа Ианоне ќе дознае дали ќе добие казна и забрана за настап во MotoGP. Според најавите, резултатите од тестовите извршени на B примерокот ќе бидат соопштени на 7-ми јануари.
Италијанецот во моментов е суспендиран откако падна на допинг тестот кој беше извршен после Гран При трката на Малезија. Неговата кариера сега зависи од резултатот на B примерокот. Тој ќе покаже дали суспензијата ќе биде укината и ќе може да се врати на трките или пак ќе му биде доделена казна која може да изнесува и четири години.
Според La Gazetta dello Sport, резултатот од тестот ќе биде познат на 7-ми јануари, иако, како што најавува весникот, конечната одлука би можела да биде соопштена неколку дена подоцна. Од Италијанескиот весник исто така тврдат дека во примерокот кој бил земен од Ианоне бил пронајден Дростанолон, нешто што го користат натпреварувачите во боди билдинг.
Исто така се шпекулира дека дгогата би можела да влезе во неговиот систем за време на опоравувањето од повредата на рамото која ја доби на Гран При трката на Мисано во септември.
Во моментов суспензијата која ја има Ианоне не игра голема улога со оглед на тоа дека во тек е зимската пауза. Докоглу примерокот биде негативен, тој би можел да биде дел од тимот на Aprilia на претсезонските тестови во февруари.
Доколку пак добие казна, тогаш ќе се отвори вратата за враќање на Британецот Бредли Смит во MotoGP. Поранешниот возач на Tech 3 Yamaha и KTM во моментов е тест возач на Aprilia а во 2019 година настапи на четири трки за тимот.

Коментари