Санкции за неколку тима од MotoGP серијата.

Поради недоразбирање внатре во тимот, Yamaha Motor Company го прекрши протоколот со кој се бара од нив да добијат едногласно одобрение од МСМА за техничките измени. Yamaha Motor Company доби казна и и се одземаат 50 поени од кај конструкторите.

Во дописот кој беше испратен до компанијата се наведува:

„За време на Гран При трката на Европа која се оддржа на 5-ти ноември, техничкиот директор на MotoGP пријави дека Yamaha Motor Company, поради недоразбирање внатре во тимот не го почитуваше протоколот кој од нив бара да добијат едногласно одобрение од МСМА за техничките измени.  Поради овој потег, FIM MotoGP стјуардите изрекуваат казна и одземање на 50 поени од кај конструкторите. Имате право на жалба на оваа одлука. Таа мора да биде поднесена во рок од 1 час откако го добивте известувањето а со неа треба да доставите и безбедносен депозит од 1320 евра.  “

Yamaha Sanction 1 06 11 2020

Казнет е и тимот на Маверик Вињалес.  Monster Energy Yamaha MotoGP доби казна од 20 поени.  Ова се бодовите кои беа освоени во периодот кога не се почитуваше протоколот.

Во одлуката испратена до нив се наведува:

„ За време на Гран При трката на Европа која се оддржа на 5-ти ноември, техничкиот директор на MotoGP пријави дека Yamaha Motor Company, поради недоразбирање внатре во тимот не го почитуваше протоколот кој од нив бара да добијат едногласно одобрение од МСМА за техничките измени. Претставници на Yamaha Motor Company го застапуваа Monster Energy Yamaha на сослушувањето и ги прифатија фактите кои им беа презентирани. Поради овој потег, FIM MotoGP  стјуардите изрекуваат казна и одземање на 20 тимски поени кои беа освоени во периодот кога не се почитуваше протоколот за технички измени. На оваа одлука имате право на жалба. Таа мора да биде поднесена во рок од 1 час откако го добивте известувањето а со неа треба да доставите и безбедносен депозит од 1320 евра. “

Yamaha Sanction 2 06 11 2020

Третата екипа која доби казна е Petronas Yamaha SRT. Поради непочитување на протоколот, нив им се одземаат 37 поени.

Во дописот испратен до тимот на Фабио Куартараро и Франко Морбидели се наведува:

„ За време на Гран При трката на Европа која се оддржа на 5-ти ноември, техничкиот директор на MotoGP пријави дека Yamaha Motor Company, поради недоразбирање внатре во тимот не го почитуваше протоколот кој од нив бара да добијат едногласно одобрение од МСМА за техничките измени. Претставници на Yamaha Motor Company го застапуваа Petronas Yamaha SRT на сослушувањето и ги прифатија фактите кои им беа презентирани. Поради претходно наведената причина, FIM MotoGP стјуардите одлучија да доделат казна и одземање на 37 тимски поени кои беа освоени во периодот кога не се почитуваше протоколот за технички измени. Имате право на жалба на оваа одлука. Таа мора да биде поднесена во рок од 1 час откако го добивте известувањето а со неа треба да доставите и безбедносен депозит од 1320 евра. “

Yamaha Sanction 3 06 11 2020

Back To Top