Јоан Мир ја искористи грешката на неговиот тимски колега Алекс Ринс и го поведе Suzuki до 1-2 победа на Гран При трката на Европа која се возеше во Валенсија.

Јоан Мир беше смирен на втората позиција и успеа да ја искористи малата грешка која ја направи неговиот тимски колега Алекс Ринс која го однесе до првата MotoGP победа во кариерата.

Штом се проби на лидерската позиција, возачот на Suzuki Ecstar успеа да направи предност и прв ја мина целната линија. Шпанецот стана деветиот различен победник на една трка од серијата оваа сезона.

Ринс заврши на втората позиција со заостанување од 0.651 секунди а тимот на Suzuki за прв пат по 1982 година успеа да дојде до 1-2 победа.

Со оваа победа Мир ја зголеми предноста во генералниот пласман која сега изнесува 37 поени. Возачите на Yamaha имаа лоша трка. По завршувањето на викендот, Фабио Куартараро останува на втората позиција на табелата но сега има ист број на поени како и Ринс.

Пол Еспаргаро иако стартуваше од првиот ред не успеа докрај на трката да го следи синиот мотоцикл на Suzuki кој беше пред него. На крајот возачот на фабричкиот тим на Red Bull KTM мораше да се задоволи со третото место.

Такааки Накагами се обиде да притисне пред крајот на трката но сепак немаше доволно време да го претекне Шпанецот. Јапонскиот натпреварувач беше најдобриот возач на Honda на трката а истовремено беше и најдобар независен возач на патеката.

Мигел Оливеира на почетокот на трката беше на четвртото место. Иако не успеа да се одбрани од нападите на Накагами, сепак не дозволи да падне подолу на табелата. На крајот, двата мотоцикли на Red Bull KTM Tech 3 се најдоа меѓу најдобрите пет возачи.

Џек Милер го освои шестото место и постигна најдобар резултат меѓу возачите на Ducati. Бред Биндер доби казна поради начинот на кој се обиде да го претекне Милер на последната трка. Возачот на фабричката Red Bull машина мораше да притисне повеќе за да го врати загубеното време. Возачот кој доаѓа од Јужна Африка исто така ги искористи и падовите кои се случија пред него и на крајот успеа да дојде до седмото место.

 DSC3627 copy

Андреа Довициозо беше во војна за осмата позиција со Алекс Маркез. Откако ја искористи предноста која ја има машината на Ducati на правец, успеа да го претекне Маркез. За да не дојде до контакт меѓу двајцата возачи, возачот на Honda, на четири круга до крај, излета надвор од патеката.

Јохан Зарко падна на деветата позиција а пред самиот крај на трката Данило Петручи успеа да се пробие меѓу првите десет возачи.

Ризикот со цврста задна гума не се исплатеше за Франко Морбидели и на крајот тој заврши на единаесетата позиција. Сепак, и со овој пласман тој беше најдобриот возач на Yamaha.

Со излетувањето на Маркез, најдобар возач на Honda на патеката остана Стефан Бредл кој заврши на дванаесетата позиција. Маверик Вињалес го имаше еден од најтешките викенди. Неколку членови на неговиот тим беа отсутни поради коронавирусот а тој мораше да стартува од гаражата. На крајот, Вињалес мораше да се задоволи со 13-то место. Последното, 14-то место, го освои Фабио Куартараро.

Ниту Валентино Роси не успеа да ги израдува фановите на Yamaha. Тој го пропушти настапот во петокот и се квалификуваше само на осумнаесетата позиција. Италијанецот успеа да претекне неколку возачи но после само пет круга, неговата Monster Energy машина престана да работи.

Лоренцо Савадори исто така беше еден до возачите кои се соочија со проблеми уште на самиот старт на трката. Меѓу останатите возачи кои не ја завршија трката се и Кал Кратчлоу, Франческо Бањаиа и Тито Рабат.

Back To Top