Сите MotoGP тест тимови ќе бидат дел од дводневните тестирања кои ќе се одржат на патеката во Финска.

MotoGP се подготвува за дводневни тестирања на новата патека во Финска, KymiRing. Шесте производители ќе се појават на патеката во периодот помеѓу 19-ти и 20-ти август со цел да ја испробаат патеката која ќе биде домаќин на една трка од шампионатот во сезоната 2020.

Микеле Пиро (Ducati), Стефан Бредл (Honda), Јонас Фолгер (Yamaha), Силвиан Гинтоли (Suzuki), Бредли Смит (Aprilia) и Мика Калио (KTM) ќе бидат дел од тестот кој ќе се одржи секој ден од 10:00 до 17:00.

На крајот на секој ден, во периодот помеѓу 17:00 и 18:00 на патеката ќе се појават локалните возачи.

KymiRing txt 19 08

Во неделата, шесте возачи заедно со преставници на нивните тимови се прошетаа по патеката за подобро да ги запознаат свиоците но и површината на патеката. Денот го завршија со заедничка фотографија.

За време на тестовите на патеката ќе бидат присутни и првите луѓе на MotoGP како и на Финскиот мото сојуз. Меѓу нив се претседателот на FIM, Хорхе Виегас, директорот на патеката, Тимо Похола, претседателот на Финската Мото Федерација, Тапио Невала, тимскиот менаџер на Ajo motorsport, Аки Ајо како и Карлос Езпелета од Dorna.

Со вклучувањето на патеката во Финска, во сезоната 2020 календарот ќе се прошири на 20 трки.

Back To Top