MotoGP

COTA има нов крал, стариот докажа дека не е за отпишување!

Секогаш возбудливата патека со врзани свиоци во лево и десно, не нè разочара и оваа година.

 ds 8740 1.big

Викендов се возеше трката за Големата Награда на Америка во Остин Тексас. Некако и патеката со години се опишува како јавање на родео, но не заради локацијата, туку заради лошиот квалитет на асфалтот, односно на песокливата подлога која резултира со “џумкаста” подлога исфрлајќи ги возачите од “седло”. Можеби прикладно за Тексас, но сепак опасно за возачите кои, зависно од класата, возат со максимална брзина од 240/280/340 km/h!

Moto2 возачите паѓаа први

Тоа најдобро можат да го потврдат возачите од класата Moto2 кои заради промена од вообичаениот распоред стартуваа први наместо последни. Тоа значи прво “нагазување” на патеката која оваа година доби нов асфалт на критичните делови, кои веќе и минатата сезона беа невозливи, но она што е најбитно за средната класа, возеа на патека која вообичаено е “гумирана” од најголемата класа која вози на Michelin. Па така дојде до една необична слика во која паѓаа многу возачи, но уште понеобично, паѓаа многу фаворити. Полситерот и домашен возач Cameron Beaubier, кој успеа да направи вистински подвиг во квалификациите и измами огромна радост во боксот, особено кај неговиот ментор и поранешен MotoGP возач John Hopkins, ја заврши трката со излетување на еден круг пред крајот додека се наоѓаше на вискотата четврта позиција. Огромниот притисок од домашната публика беше надополнет со посебен комбинизон и кацига во боите на америксанското знаме. 

Понатаму меѓу оние кои ја завршија прерано трката се наоѓаа и лидерот во шампионатот Celestino Vietti во моментот втор, Aron Canet кој во моментот беше лидер, одличниот до тој момент Pedro Acosta, како и уште во првиот круг фаворитите Somkiat Chantra и Sam Lowes кои се најдоа меѓу дури 14 возачи кои не ја завршија трката. Немаше среќа и одличниот Fermín Aldeguer кој делува како некој кој ќе остави трага на сцената во иднина. Едноставно начинот на кој возеше во Аргентина, а и до моментот на негово исфрлање во првиот свиок, покажуваат голем потенцијал.

На крајот трката ја освои емотивниот Tony Arbolino, на кого ова му беше прва победа во класата, зад кој следеа Јапонецот Ai Ogura, кој онака строго без емоции во духот на неговата култиура, скоро процедурално ја прими наградата, како и Jake Dixon кој беше, сосема спротивно, емотивен со неговиот прв подиум во класата.

Рекордни 5 мотори на Ducati на чело

По нив следеше кралската класа предводена од дури 5 мотори на Ducati на чело со Jorge Martin од  Pramac пред двата фабрички мотори на Jack Miller и Pecco Bagnaia, Johann Zarco и Enea Bastianini на ланскиот GP21 од приватниот тим на Gresini. Зад нив стартуваше актуелниот шампион Fabio Quartararo кој уште еднаш докажа дека може да направи чуда со моторот кој упорно потфрла во перформансите во однос на конкурентите. Ова го докажува и Dovi кој едвај успеа да се пласира на 15-тата позиција како и Franco Morbidelli кој стартуваше од 19-та позиција! Ќе повториме по којзнае кој пат дека Yamaha мора да се прибере и реорганизира затоа што е убедливо најслаб пакет и покрај солидните резултати на Fabio.

63 francesco bagnaia ds 8282 0 0.big

Тука некаде е и Honda која, повторно, само во рацете на Marc Marquez делува солидно. 8-кратниот шампион во квалификациите премногу тактизираше и на крајот стартуваше како 9-ти. Но тоа не беше крајот на неговите пехови, па кога се изгасија црвените светла бевме сведоци на ретка слика кога Шпанецот одеднаш почна да паѓа во поредокот. Сеуште нема официјално соопштение за причините, но од онборд камерата и изјавата на Marc, причина бил некој “глич” во електрониката која активирала аларм ставајќи го моторот во заштитен мод, сличен на модот за возење низ боксовите, кој не се исклучувал и по неколку обиди од страна на Шпанецот, па по деактивирање на “holeshot” уредот во првиот свиок, сепак се исклучил, овозможувајќи му да ја продолжи трката. Тоа значи спринт трка од 20-тата позиција на која се најде по падот во поредокот.

jrb5670 scaled 1.big

Со исклучително возење, на моменти и премногу ризично, по што за малку не ги собра со себе Brad Binder и Maverick Vinales, успеа да ја заврши трката на 6-тото место спасувајќи сè што можеше да се спаси од ситуацијата. Но по враќањето во боксот, каде што како за пречек на другарот Тито, беа наредени членовите на неговиот тим за да му честитаат на подвигот, Marc резигнирано влезе и седна веднаш на неговиот стол, анализирајќи ја ситуацијата без вообичаената насмевка. И не е само пропадната шанса проблемот. Знаејќи низ што сè помина претходите денови, од повторната повреда во Индонезија, до пропуштање на следната трка во Аргентина, до неизвесноста дали ќе помине сè како што треба при неговото враќање, па и ако се додаде темпото кое го покажа во текот на трката, јасно е незадоволството. Веројатно изгуби подиум, ако не и победа.

Во вакви моменти се чини како да ја раситна среќата која го следеше во текот на кариерата, па човек се прашува дали некогаш ќе се врати во нормала. Се надеваме дека сепак ќе го видиме повторно во борба за врвот. Сепак е подвиг ова што го покажа, особено последните кругови кога дојде до Fabio кој на крајот го измори Шпанецот не дозволувајќи му лесно да го претекне. А на врвот? На врвот беше мирно до 3 круга пред крај, кога Enea онака рутински го помина Австралијанецот и не го испушти водството до крајот на трката. Знаеме дека овој начин на возење стана негов заштитен знак, и ќе биде аларм за сите возачи во текот на сезоната, па и понатаму. Се работи за сериозен возач кој веќе има титула зад себе во средната класа и вози многу интелигентно и секако брзо. Не се плаши од дуели, а и ги научи карактеристиките на пневматиците. Начинот на кој ги менаџира гумите е неверојатен. На крај и самиот изјави дека заради зголемување на температурата на предниот пневматик се одлучил да го претекне Miller. Мајката?! Тоа значи контрола на трката. Ги чувал гумите до моментот на претекнување. Знаел дека има доволно перформанси за да тактизира.

 ds 8653 0 0.video list 3x

Miller потоа падна во рацете на фантастичниот Alex Rins кој заврши втор и се наоѓа конечно во една форма која се очекуваше од него. Потсетува на формата од 2019-та година. Дали самиот сфати дека мора да заврши трка за да собере бодови и да се наметне како сериозен кандидат за титулата, или новиот шеф Livio Suppo внесе потребна стабилност, не знаеме, но тоа и не е толку битно се додека испорачува ваква партија. Сега притисокот се префрла на неговиот тимски колега Joan Mir кој заврши на одличното 4-то место во нецели 4 десетинки зад победникот. Pecco Bagnaia заврши петти, но тоа е далеку од резултатот кој се очекуваше од него пред стартот на сезонава. Едноставно Италијанот не може да се врати во форма. Сигурно дека и новиот мотор во однос на стариот докажан, со кој победува неговиот сонародник, сеуште му причинува проблеми, но резултатите мора да дојдат во следните трки. Тоа ќе биде добро и за шампионатот и за Ducati.

Jorge Martin заврши 8-ми зад Marc и Fabio што е своевидно разочарување ако се земе предвид одличната прва стартна позиција, нешто што стана специјалност на Шпанецот со реализација од 6 пол позиции во 18 трки! Ќе мора да “препишува” од Enea околу менаџирањето на трката. Zarko на крајот успеа да заврши 9-ти, по одличниот старт и некако почнува да губи чекор со останатите возачи на Ducati. Местото во тимот му е веќе ризично. Maverick Vinales ги заокружи првите 10 места, што значи конечно една стабилност и за првпат победа пред искусниот тимски колега Aleix Espargaro. А што да се каже за постариот Espargaro? Дали притисокот заради водството во шампионатот за првпат во неговата кариера, или го исцрпеле емоциите и славењето од претходниот викенд, како и сеќавањата на минатата трка во која паѓаше дури 6 пати, беа причина за просечниот настап? Дури и во квалификациите Q1 преку кои требаше да продолжи во Q2 покажа нервоза и падна во момент кога возеше доволно брзо за да помине понатаму. На крајот ја призна сопствената грешка и нервозата која не смее да ја има, но не заборави да го спомене неговиот сонародник Alex Marquez, кој му се закачуваше да го следи во скоро секоја сесија, како причина за нервозата. Останатите пак го потсетуваа дека пред стане конкурентен и тој следел некој побрз од него. Сè е во главата. Особено ако се знае дека минатиот викенд зрачеше со самодоверба и мирно извозе до победата. Ако му е за утеха Alex ја заврши трката со пад, како и руки возачот на VR46 Marco Bezzecchi. Дури и личи на руки цела оваа сезона поранешниот двократен шампион. Личи и на неговиот пријател Tito Rabat кој по титулата во Moto2 се изгуби во MotoGP. Чудно.

Brad Binder заврши на 12-ти за уште една потврда колку е мал опсегот на работа на KTM на кој очигледно не му одговараа условите на патеката. Неговиот тимски колега Miguel Oliveira заврши на очајното 18-то место иако победи на дожд во Индонезија. Заврши пред остантите возачи на KTM почетниците Raul Fernandez и Remy Gardner, и Fabio Di Giannantonio на Ducati и Darryn Binder на ланската Yamaha.

Moto3, возбудливо до самиот крај

05 jaume masia ds 9499 0.big

Следни настапија возачите на најслабата класа кои повторно понудија најмногу претекнувања. По безбројните претекнувања повторно се решаваше сè во последниот круг, по што славеше Jaume Masia, па конечно по многуте исплакани солзи во фрустрации, повторно се насмеа по една година од последната победа. Зад него заврши новиот лидер во поредокот Dennis Fogia кој исто така извозе една одлична трка, како и полситерот Andrea Migno кој заврши на крајот како трет по неуспешниот напад на првата позиција. За издвојување е возењето на младиот руки Diogo Moreira кој на крајот падна во последната кривина во претпоследниот круг додека се наоѓаше на 6-тата позиција. Ќе треба да се следи ова момче во иднина. 

Следната трка е за 2 недели на фантастичната патека Algarve во Португалија. Во меѓувреме ќе се навратиме повторно со следните вести поврзани за најбрзиот шампионат на 2 тркала.

Би можело да ве интересира

Деновите, пред една од најкултните трки во календарот, изобилуваат со содржини.

 Според најавата на некои светски медиуми за очекување е KTM многу наскоро да ја лансира својата нова понуда во рангот на новата 490 серија. 

Дали организација на трка значи само објавување на стартот и мафтање со црно бело знаме за крај? Дали обврските на организаторот завршуваат тука?

Неверојатна е брзината, желбата и посветеноста на најбрзите тројца на секоја досегашна трка во овогодинешниот шампионат на суперспортските мотори WSBK!

Викендов во Србија на патеката Навак се возеа 3 и 4 трка во рамките македонскиот и БМУ европскиот шампионатот во врзински мотоциклизам. 

Запознајте ги Бранко, Новак, Михаил, Горјан, Гален и Олег. Јас ги запознав едно неделно попладне на полјана во близина на спортскиот аеродром Стенковец. 

Листа на мото настани

Забава на Custom Choppers Strumica по повод отворањето на нивниот клаб хаус.

  • 14 Мај 2022 - 14 Мај 2022
  • Custom Choppers Club House
  • На главниот булевар во Струмица

Мото клубот Вепар на 15-ти мај ќе ја организира петтата по ред бавна трка.

  • 15 Мај 2022 - 15 Мај 2022

Чопер клуб го најави Run to the Sun 2022.

  • 24 Јуни 2022 - 25 Јуни 2022
  • Clubhouse 3313
  • Илинденска 138, Скопје

Ноќни Волци Балкан: Интернационален мото собир.

  • 09 Јули 2022 - 09 Јули 2022

МК Мечки од Куманово го најави годинешниот „Moto Rock Fest 2022“.

  • 11 Јуни 2022 - 11 Јуни 2022
  • Спортски аеродром Аџитепе

Најава за мото собирот на МК ЏИНКА Радовиш кој ќе се оддржи на 29/30/31 јули 2022 година. Повеќе детали наскоро.

  • 29 Јули 2022 - 31 Јули 2022
  • Клубски дом
  • Планина Плачковица

Да продолжиме со поголемо темпо од онаму кај што застанавме во 2019 година.
Се гледаме на првиот викенд во месец Јуни!!!
  • 03 Јуни 2022 - 05 Јуни 2022
  • Нов Парк
  • Свети Николе

Дводневен мото фестивал во организација на МК Тиквеш Рајдерс од Кавадарци.

  • 17 Јуни 2022 - 18 Јуни 2022
  • 12 Другари
  • Ваташа, Кавадарци

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.