Откако минатата недела Шухеи Накамото зборуваше за некои од техничките детали на Honda MotoGP Production Racer, HRC објави фотографија од RC213V- развојниот моторцикл како тестира на патеката Twin Rig Motegi.

hond-gp-racer

Откако минатата недела Шухеи Накамото зборуваше за некои од техничките детали на Honda MotoGP Production Racer, HRC објави фотографија од RC213V- развојниот моторцикл како тестира на патеката Twin Rig Motegi.

Иако е мала резолуцијата и е сликано со мал зум, на фотографијата можат да се видат неколку нови детали на претстојниот HRC  тркачки моторцикл.  Знаеме дека засега неименуваната машина ќе чини околу 1 милион евра, ќе ги нема менувачот и пневматските вентили од HRC, а ќе има компоненти од Nissan и Showa.

Како алтернатива на CRТ машините достапни сега, моторциклот на Honda и лизинг програмата на Yamaha, ќе им дадат на сателитските и приватните тимови уште една опција доколку се решат да се натпреваруваат во MotoGP шампионатот.

И покрај тоа што приватните тимови ќе имаат поконкурентна машина, фабричките тимови сепак ќе бидат во предност.

Зборувајќи за моменталната состојба на проектот, Накамото изјави: „Развојот на моделот малку доцни, но резултатите од тестот покажаа повеќе од она што го очекувавме. Неможеме да го објавиме името или спецификациите во оваа фаза но ќе имаме можност да ги објавиме деталите во блиска иднина. Ќе продолжиме да ја развиваме машината за да се задоволат техничките и спортските регулативи на MotoGP за 2014, и ќе го претставиме моделот до крајот на оваа година.“

Back To Top