Кои возачи можат да му се спротистават на Марк Маркез на трката која овој викенд се вози во Арагон.

MotoGP продолжува и овој викенд со трката во Арагон а веднаш потоа возачите заминуваат на Исток за последните неколку трки од сезоната. Во моментов лидерот на табелата Марк Маркез има предност од 93 поени и е многу блиску до освојување на нова титула.

Маркез досега четири пати има победено на патеката во Арагон а порази доживеа во сезоните 2014 и 2015 кога загуби од Хорхе Лоренцо. Свиокот број 10 на ова патека е именуван по него.

Големиот број на долги свиоци целосно му одговараат на стилот на возење на Маркез и воопшто не треба да не изненади неговата доминација на оваа патека. Сепак не смееме да заборавиме дека во минатото и Yamaha тука има постигнато успеси а исто така добри се и Ducati.

Aragon txt 2 19 09

Доколку по завршувањето на трката предноста на Маркез биде над 100 поени, тогаш на Шпанецот ќе му биде јасно дека веќе на следната трка која се вози во Тајланд ќе може да дојде до титулата, но само под услов да има ист резултат како и неговиот најблизок ривал.

Андреа Довициозо неколку пати се има искачено на подиумот на патеката во Арагон, последен пат минатата година. Но доколку успеат да ги надминат проблемите со кои се соочија на трката во Мисано, тимот сигурно ќе се бори за победа.

Главна цел на Довициозо ќе биде да го врати победничкит ритам откако на последните две трки доживеа неуспех.

Патеката во Арагон не е особено добра за Куартараро а деветото место кое го освои минатата година додека беше дел од Moto2 серијата е негов најдобар резултат. Сепак, со оглед на неговата моментална форма, Французинот не смее да се изостави од листата на можни победници.

Иако не заврши на првото место на трката во Мисано, Куартараро изјави дека тоа бил најдобриот ден во неговиот живот и дека научил многу од борбата со актуелниот шампион.

Aragon txt 1 19 09 copy

Yamaha има постигнато значителен напредок во изминативе 12 месеци, пред се во однос на забрзувањето и тракцијата. Патеката во Арагон ќе биде вистински тест за да се види до каде е напредокот на тимот и уште колку работа ги чека за да го подготват мотоциклот за сезоната 2020.

Откако Red Bull KTM и Јохан Зарко најавија дека ќе ја прекинат соработката по завршувањето на сезоната 2019, Австриската екипа се посвети на развојот на мотоциклот со кој ќе настапат во 2020 година.

Неодамна KTM соопшти дека повеќе нема да соработуваат со Зарко и дека неговото место во тимот ќе го преземе Мика Калио. Има шпекулации дека Дани Педроса не ја прифатил понудата да настапи за екипата до крајот на сезоната.

Иако Финскиот возач редовно учествува во тестовите на тимот, последен пат се натпреваруваше пред 15 месеци кога беше дел од Гран При трката на Каталонија. Две трки по ред извозе додека беше дел од Moto2 во 2015 година. Сега го очекуваат шест трки по ред, меѓу кои се Јапонија, Австралија и Малезија.

КТМ се уште не откриваат кој ќе биде тимски колега на Пол Еспаргаро во сезоната 2020. Tech3 планира да го задржи Мигел Оливеира во своите редови а следните неколку трки ќе бидат одлична можност за Калио да се наметне.

Aragon txt 3 19 09

Во последниот период, првите луѓе на MotoGP се фокусирани на проширување на шампионатот а првиот човек на Dorna, Кармело Езпелета неодамна откри дека бројот на трки почнувајќи од сезоната 2022 ќе се зголеми на 22 трки.

Со оглед на тоа дека наскоро на серијата ќе се приклучат трките во Финска и Индонезија, Езпелета откри дека мали се шансите во иднина и понатаму да има четири трки во Шпанија.

Доколку пак сите четири трки во Шпанија, Херез, Каталуња, Арагон и Валенсија и понатаму планираат да останат во серијата, најверојатно ќе треба да ги поделат обврските. Останува да видиме дали ова ќе им одговара на првите луѓе на патеката во Арагон, патека која е дизајнирана исклучиво за мотоспорт и која е дел од MotoGP календарот повеќе од една деценија, или пак нејзините денови како дел од серијата се веќе избројани.

Back To Top