КТМ одлучи веднаш да го замени Јохан Зарко.

КТМ одлучи веднаш да го замени Јохан Зарко. Започнувајќи од трката во Арагон па се до крајот на сезоната за тимот ќе настапува тест возачот Мика Калио.

Иако оваа информација изненади многумина, таа сепак има смисла за првите луѓе на КТМ. Зарко веќе објави дека ќе го напушти тимот по завршувањето на сезоната а со оглед на тоа дека има ограничени опции за 2020 година, тој планира да стане тест возач во некоја екипа. Во моментов има шпекулации дека за него е заинтересирана Yamaha.

А со оглед на тоа дека голем број на работи се менуваат кај KTM RC16, тимот одлучи дека за нив е многу подобро да настапува Мика Калио отколку Зарко.

За време на трката во Мисано, Зарко изјави дека не очекува дека ќедобие подобрување на мотоциклот до крајот на 2019 година и дека нема да биде дел од дводневните тестови на патеката во Арагон.

„Ќе имаме тест во Арагон но јас нема да учествував бидејќи ќе има целосно нов мотоцикл“, изјави Зарко.

 DSC2893 copy copy

Ова исто така преставува исправен чекор за Калио и КТМ. Актуелниот тест возач на тимот никогаш не криел дека сака повторно да биде дел од серијата и напорно работеше за да го стори тоа.

„Мораме да се осигураме дека исправно ги користиме ресурсите кои ни се на располагање и дека се движиме по виистинската насока“, изјави Пит Беирер, директор на KTM Motorsport. „Веруваме дека Мика може да ни помогне во оваа етапа од развојот благодарение на неговото знаење и историја.“

„Од голема важност е да имаме добри тестови со цел да го подготвиме мотоциклот за стартот на сезоната 2020. Мика веќе докажа дека може да настапува со RC16 и многу сме среќни што ќе вози за нас. Ќе се фокусираме на развојот на новиот мотоцикл но во исто време планираме да освоиме што е можно повеќе поени.“

„Во исто време сакам да му се заблагодарам на Јохан за се што стори за нас откако му се приклучи на тимот во ноември минатата година. Но сега мораме да мислиме на иднината и сметаме дека ова е исправен чекор. КТМ ќе продолжи да го подржува се до истекот на неговиот договор и му посакуваме многу среќа во иднина.“

Иако Зарко повеќе нема да настапува за нив, КТМ соопшти дека ќе испочитува договорот и дека тој ќе добива плата до крајот на годината.

Калио ќе го замени Французинот во 2019 година, но тоа сепак не значи дека ќе вози за КТМ и во сезоната 2020. КТМ во моментов не соопштува кој ќе биде колега на Пол Еспаргаро следната сезона.

За време на трката во Мисано, Пит Беирер откри дека конечната одлука најверојатно ќе биде соопштена кон крајот на годината.

Back To Top