MotoGP

Андреа Довициозо: Би сакал да сум дел од МотоГП следната сезона

Андреа Довициозо го комплетираше три дневниот тест со Aprilia во Херез. Дали е ова некаков знак дека наскоро ќе се врати во серијата?

Следете нè на:

 

Андреа Довициозо го комплетираше три дневниот тест со Aprilia во Херез. Дали е ова некаков знак дека наскоро ќе се врати во серијата?

Андреа Довициозо го заврши долгоочекуваниот тест со машината на Aprilia во Херез. Наскоро се очекува да настапи и во Муџело.

Италијанскиот возач уживаше во возењето со 2021 RS-GP а ова за него беше прв настап по ноември минатата година. Тој исто така за прв пат по 2001 година возеше за Aprilia.

Кога информацијата дека ќе тестира во Херез за прв пат беше објавена минатиот месец, многумина шпекулираа дека тоа би значело и враќање на Довициозо во серијата. Иако се уште не е ништо потврдено, не се отфрла оваа опција.

Сезоната 2021 е најдобар старт на Aprilia во МотоГП досега. Алеш Еспаргаро два пати по ред завршува меѓу најдобрите десет возачи.

Со оглед на напредокот на Aprilia оваа година како и искуството и победничкото педигре на Довициозо, ова преставуваше можност која не смееше да ја пропуштат двете страни.

andrea dovizioso aprilia 1

На прашањето зошто одбрал да го тестира мотоциклот на Aprilia во Херез, Довициозо изјави: „МотоГП се уште е мојата пасија. Би сакал да се тркам следната година. Мислам дека е добро што излегов на патеката и се уште тоа ме прави среќен. Мислам дека ова беше позитивно, без разлика на тоа дали следната година ќе се тркам или не.“

Во изминативе години, Довициозо беше еден од најконзистентните возачи а токму тоа искуство е од голема помош на Aprilia, која остана единствениот производител кој се уште нема постигнато победа.

Ветрот играше голема улога на последниот ден од тестот во Херез и поради тоа Довициозо на патеката помина само половина од предвиденото време.

andrea dovizioso aprilia 11

Иако се уште е рано да се процени целиот потенцијал на машината, 35 годишниот возач вели дека за време на тестот најмногу работеле на позиционирање на мотоциклот на патеката.

„Мислам дека секој МотоГП возач може да биде брз, но сосема поинаква приказна е кога сте на патеката и се борите да постигнете најбрз круг. Имам неколку идеи но мислам дека се уште не е се јасно бидејќи треба да помине одреден период пред да можете да го притиснете мотоциклот до самиот лимит“, вели Довициозо.

„Зборувам во однос на позиција а не за тоа како функционираше мотоциклот. Мислам дека во МотоГП позицијата е многу поважна отколку во другите шампионати бидејќи морате да бидете многу внимателен и прецизен додека возите.“

„Позицијата влијае многу врз возењето. Како и кај секој мотоцикл, има позитивни но и негативни работи. Но јас имав позитивно чуство.“

Останува да видиме дали Довициозо ќе се појави на патеката оваа сезона во боите на Aprilia. А според најавите, се очекува уште еден тест овој пат во Муџело.

„Ќе имаме уште еден тест и сакаме повторно да работиме на позиционирањето на мотоциклот. Исто така ќе посветиме внимание и на неколку други помали детали“, вели поранешниот возач на Ducati.

„Според планот, тестот најверојатно ќе се оддржи за еден месец во Муџело.“

Би можело да ве интересира

Патеката Херез во Шпанија ќе биде домаќин на третата трка во сезоната. Во продолжение следува распоредот за сите сесии.

Ривалите на Французинот добро се сеќаваат на минатата година. Но ова е 2021-ва и ништо не е гарантирано.

Хорхе Лоренцо вели дека Марк Маркез возел без никаков страв на првата трка после долгата пауза која ја имаше поради операцијата на раката. Според поранешниот шампион, лошиот баланс помеѓу предната и задната гума е главната причина за излетувањата во Портимао.

Suzuki претстави подобрена верзија на GSX-S1000. Новата машина сега е помоќна од било кога досега.

Реа и ZX-10RR беа подобри од Кал и М1 на патеката во Арагон.

Од вториот до осмиот круг има најголемо оптоварување врз сопирачките. Пред крајот на трката, притисокот врз нив се намалува за 20 проценти, велат од Brembo.

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.