MotoGP

Маркез: Мојата цел е да освојам титули, а не да победам на многу трки

Марк Маркез во 2014: „Луѓето ќе се сеќаваат колку титули имате освоено, а не на колку трки сте победиле.“

Следете нè на:

 

Марк Маркез во 2014: „Луѓето ќе се сеќаваат колку титули имате освоено, а не на колку трки сте победиле.“

Кога осум-кратниот шампион Марк Маркез ќе го има деби настапот за оваа сезона во Портимао, тој ќе се качи на истиот мотоцикл кој во моментов е на шестото место. Во меѓувреме, тимот се наоѓа на последната позиција кај конструкторите.

Новиот возач на Repsol Honda, Пол Еспаргаро беше најдобриот возач на RCV по завршувањето на трките во Лосаил откако го освои осмото и тринаесетото место.

Но разликата со победниците не беше така голема. На првата трка заостануваше 5.990 секунди зад Маверик Вињалес додека пак на втората трка заостануваше 6.063 секунди зад возачот на Yamaha и победникот на трката, Фабио Куартараро.

Резултатот на Еспаргаро значително се подобри на втората трка и покрај тоа што направи две грешки.

„И покрај неколкуте грешки, Пол Еспаргаро заврши само 6 секунди зад победникот. Од првите пет возачи го делеа  4 секунди“ , вели тимскиот менаџер на Repsol Honda, Алберто Пуиг.

„Кога по втор пат влезе премногу широко во првиот свиок, знаевме дека трката е завршена за нас. Очекувавме да ја стигнеме групата која беше пред нас и во тој момент Пол заостануваше само 2.6 секунди зад лидерот.“

pol espargaro txt 2 13 04

Резултатите на Еспаргаро покажуваат дека двете грешки го чинеа дополнителни 3 секунди во споредба со времето кое обично го постигнува.

„Потенцијалот е тука“, вели Пуиг.

„Разликата не е премногу голема. Не се обидуваме да стигнеме разлика од 20 секунди. Има некои мали делови каде што треба да работиме, да ги ставиме работите на своето место, и тогаш ќе бидеме подготвени.“

Невозможно е да се знае каква ќе беше разликата доколку Маркез возеше во Катар, но тој е најдобриот возач на RCV во Лосаил уште од 2013 година.

Но што е со Портимао?

Патеката во Португалија се покажа како незгодна за Honda минатата година. Такааки Накагами беше најдобриот возач на тимот откако го освои петото место но заостануваше 12 секунди зад победникот, Мигел Оливеира.

Но покрај тоа што не ја познава добро патеката, Маркез не е добро запознаен ниту со мотоциклот и досега извозе само неколку круга со продукциската верзија на RC213V-S.

Барем на хартија, Портимао изледа како една од најтешките патеки за Маркез.

Можеби негов приоритет сега ќе биде да ја намали штетата пред да биде подготвен повторно да се бори за титулата.

„Мојата цел е да освојувам титули, а не да победувам на трки. Бидејќи на крајот, луѓето се сеќаваат колку титули имате освоено, а не на колку трки сте победиле“, изјави во минатото Маркез. За само седум години, Шпанецот освои шест титули.

Под претпоставка дека ги надмина проблемите со раката, малкумина се сомневаат дека нема да може повторно да се бори за титулата оваа сезона. Од друга страна, неговите најголеми ривали во Катар не направија голема разлика.

Во моментов, возачот на Pramac Ducati, Јохан Зарко е лидер на табелата со освоени 40 поени. Веднаш зад него следуваат Куартараро и Вињалес со 36 поени, Бањаиа има 26, а Алекс  Ринс има 23 поени.

Актуелниот шампион, Жоан Мир, има 22 бодови додека пак новиот фабрички возач на Ducati, Џек Милер освои 14 поени. Еден од фаворитите во пресрет на сезоната, Франко Морбидели има само 4 бодови.

 DSC3954 copy copy copy

До крајот на сезоната остануваат 17 трки, а Портимао е прва од нив. Од Dorna напоменаа дека доколку некоја патека отпадне поради коронавирусот, таа ќе се оддржи подоцна во текот на сезоната.

Сите возачи кои имаат заостанување од 50 поени кога ќе почне вториот дел од сезоната, имаат шанса за титулата. Во 2015 година, Маркез заостануваше дури 65 поени после извозени 9 трки од шампионатот.

Моменталната разлика од 40 поени не е голема, а Маркез и Honda можат да го искористат како инспирација и настапот на Мир од минатата сезона.

Возачот на Suzuki исто така имаше заостанување од 50 поени после неколку трки минатата година. На крајот тој сепак ја освои титулата и покрај тоа што победи само на една трка.

Поранешниот МотоГП возач, Мајкл Лаверти неодамна изјави: „Во моментов има многу брзи возачи и сите тие си крадат поени меѓусебно. Марк, кога беше во најдобра форма, секоја викенд го завршуваше на првото или второто место.“

„Ако тој се врати на патеката без да мора да се грижи за повредата, нема никакво сомневање дека ќе гледаме битка меѓу Марк и останатите возачи. Тој ќе биде постојано при врвот.“

„Затоа мислам дека нема да му недостасуваат поените од првите две трки. Но ќе има период на адаптација. Не верувам дека уште од трката во Портимао ќе може да се искачи на подиумот. Мислам дека треба да биде реален и сигурно му е јасно дека другите возачи напредуваа додека тој беше отсутен.“

Тренингот во пресрет на МотоГП трката на Португалија почнува во петок наутро.

Би можело да ве интересира

Патеката Херез во Шпанија ќе биде домаќин на третата трка во сезоната. Во продолжение следува распоредот за сите сесии.

Ривалите на Французинот добро се сеќаваат на минатата година. Но ова е 2021-ва и ништо не е гарантирано.

Хорхе Лоренцо вели дека Марк Маркез возел без никаков страв на првата трка после долгата пауза која ја имаше поради операцијата на раката. Според поранешниот шампион, лошиот баланс помеѓу предната и задната гума е главната причина за излетувањата во Портимао.

Suzuki претстави подобрена верзија на GSX-S1000. Новата машина сега е помоќна од било кога досега.

Реа и ZX-10RR беа подобри од Кал и М1 на патеката во Арагон.

Од вториот до осмиот круг има најголемо оптоварување врз сопирачките. Пред крајот на трката, притисокот врз нив се намалува за 20 проценти, велат од Brembo.

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.