Интервју со првиот човек на Dorna.

За Кармело Езпелета многу често се вели дека е главниот човек во MotoGP, личноста која го внесе натпреварувањето во новиот милениум. Извршниот директор на Dorna, е човекот кој се наоѓа на врвот кај трките со мотоцикли но исто така има силно влијание и во SBK. Се сретнавме во Швајцарија, во седиштето на FIM.

На само неколку дена пред стартот на тестот во Лосаил, првото нешто кое го прашавме беше да ни открие што мисли околу иднината на Светскиот Шампионат.

„Секогаш велам дека новата сезона треба да биде подобра од претходната. Знам дека тестовите не се вистински показател, но она што го видовме во Малезија, барем од технички аспект, ни покажува дека производителите се речиси изедначени. Мислам дека оваа сезона многу тимови ќе бидат компетитивни. “

Ezpeleta txt 1 18 02

Во MotoGP има три Европски и три Јапонски производители. Дали некој недостасува? На пример Kawasaki или BMW...

„Да бидам искрен, дури и да сакаа во моментов нема место. За сезоната 2022 Aprilia побара на патеката да се појави како конструктор. На патеката ќе имаме шест производители и шест сателитски тимови. Ако Kawasaki сака да стане дел од серијата, тие ќе мораат да склучат договор со некој приватен тим.“

На еден начин, тоа би било можност и за некој сателитски тим да добие на вредност...

„Токму така. За разлика од порано, денеска има вредност лиценцата која е потребна за учество во MotoGP. Ако некој сака да се приклучи, мора да склучи договор со некој тим кој веќе е дел од серијата. Од спортска страна, колку повеќе тимови толку подобро, но во однос на буџетот, мислам дека вака е подобро.“

Дали имате добиено барање од некој нов конструктор?

„Да ви кажам нешто искрено, неодамна Kawasaki ме праша околу можноста да настапат во шампионатот со нивниот Супербајк. Им одговорив дека не може бидејќи „wild card“ опциите се наменети само за оние тимови кои се дел од MotoGP. “

Кога истекува договорот меѓу Dorna и производителите кои се дел од MotoGP?

„На крајот на 2021- ва година но веќе сме блиску до продолжување на соработката. “

Ќе има ли некакви промени?

„Многу работи се нови. Ја зголемивме финансиската поддршка за тимовите и производителите. На пример, до денеска, секој производител добиваше еден милион евра за секој мотоцикл кој ќе се појави на патеката. Од 2022-ра таа сума се зголемува на милион и половина. Исто така ќе може да се надмине и сумата за изнајмување на мотоцикл. “

Ezpeleta txt 18 02

Да го оставиме MotoGP за момент настрана, колку сте задоволни од SBK?

„Се повеќе и повеќе сум задоволен. Неодамна во еден весник беше објавено дека според мене, SBK е втора лига и многумина се налутија поради тоа. Но не се грижам за нивното мислење бидејќи во моментов така стојат работите. Тоа е реалноста. Во минатото Фламини се обиде да ја направи работата подобра за него а и јас го правам истото.“

Како и секој претприемач...

„Луѓето имаат погрешно мислење за мене. Јас имам дел од акциите на Dorna но не сум сопственик. За разлика од мене, Фламини имаше сопствена компанија. Како резултат на тоа, мораше да размислува во однос на тоа што е најдобро за шампионатот и за неговата компанија. Јас морам да работам само во интерес на компанијата. Јас сум пријател со Фламини, работевме заедно и бевме ривали.“

А потоа?

„Бевме заедно под чадорот на Bridgepoint но ним не им се допаѓаше нашето ривалство. За надворешниот свет, MotoGP беше главниот шампионат но внатре во SBK тој ја поддржуваше серијата и многу добро управуваше со неа. Треба храброст да се признае кога војната е загубена. Затоа отидов во нивната гаража и отворено им кажав дека се втора лига.“

Какви беа последиците?

„Мислам дека SBK е наменета за продукциските модели. Доколку имав избор, би ги направил дури и повеќе стандардни бидејќи тие веќе имаат неверојатни перформанси. Но исто така знам и дека има важни разлики меѓу моделите, Ducati е подготвен да се натпреварува со мотоцикл кој може да се најде во продавниците. На Honda и е потребна малку поголема подготовка. “

Постои ли некакво решение?

„Цената на мотоциклите. Воопшто не ме интересира ништо друго, дури ни хомологациските правила. На пример, ајде да ставиме максимална цена од 45 000 евра, да ја одбиеме цената на продукцискиот мотоцикл а остатокот е за подготовката. Мислам дека тоа би било добро. Dorna работи напорно за и SBK да биде успешна, без разлика на тоа што е втора дивизија. Сакате да ли да слушнете нешто интересно?“

Секако...

„Пред две години, Баутиста планираше да се пензионира и го советував да премине во SBK. На почетокот мислеше дека тоа му е погрешна одлука но сега заработува многу повеќе отколку да останеше во MotoGP. Возачите треба да почнат да размислуваат и на ова.“

Дали ти се допаѓа форматот на SBK?

„Да, бидејќи промоторите и телевизиските куќи го бараа тоа. Dorna има договор со FIM: мора да има минимален број на трки и тие мора да се прикажуваат на телевизија.“

Во однос на телевизиите, во 2021-ва година истекува договорот со Sky а стримовите купуваат се повеќе и повеќе простор...

„Тешко е да се каже што ќе се случи во иднина. Единствено нешто што знам е тоа дека имаме одлично шоу.“

Back To Top