Џакомо Агостини сеуште е возачот кој има најмногу победи во GP трките, и сеуште внимателно ги следи не само трките туку и возачите.

pinguredi slideshow 169

Џакомо Агостини сеуште е возачот кој има најмногу победи во GP трките, и сеуште внимателно ги следи не само трките туку и возачите.

„Аго“ беше многу импресиониран од MotoGP дебитантот Марк Маркез за време на предсезонските тестирања и верува дека младиот Шпанец може да го сруши рекордор на Фреди Спенсер како најмлад возач кој победил на GP трка од премиерната класа.

Маркез има 12 трки пред него на кои ќе може да го сруши рекордот. Ова го изјави Агостини за Маркез: „Марк е неверојатен талент, но тој сеуште мора да созрее. Изненаден сум од тоа што го постигна досега и сигурен сум дека ќе го помине рекордот на Спенсер. Незнам на која трка ќе се случи тоа, но можам да кажам дека ќе биде на една од првите дванаесет. Сепак мислам дека ќе биде тешко за него да го надмине другиот рекорд на Спенсер, најмлад возач кој ја освоил титулата во Премиерната класа. Не би сакал да му направам притисок на Марк. Тој е толку талентиран возач и има долга кариера пред него и обидот да го надмине тој рекорд нема да биде идеален.“

Агостини исто така зборуваше и за враќањето на Валентино Роси во Yamaha и неговиот однос со актуелниот светски шампион Хорхе Лоренцо: „Најголемиот ривал отсекогаш ви бил тимскиот колега. Во моментов нивниот однос изгледа речиси романтичен, но кога ќе започне првата трка тие ќе се борат меѓусебе. Почитувањето е важно, особено доколку се борите во последниот круг. Мислам дека и двајцата се почитуваат но вистинско пријателство е речиси невозможно. Валентино има големо искуство и знае како да вози за време на трка. Лоренцо научи многу и има големо искуство и покрај тоа што е млад. И двајцата се многу гладни за победа.“

Back To Top