MotoGP

MotoGP: Маркез најбрз на вториот тренинг

Возачот на Хонда Репсол тимот, Марк Маркез забележа најдобро време на вториот тренинг на патеката Лосаил во Катар.

Следете нè на:

 

marquez 02 originalМаркез ја потврдува улогата на фаворит за подиумот во Катар

Возачот на Хонда Репсол тимот, Марк Маркез забележа најдобро време на вториот тренинг на патеката Лосаил во Катар.

Возачот за кој Џакомо Агостини изјави дека има шанси да забележи победа на првата трка ги оправдува прогнозите. Денешниот прв тренинг, вкупно втор пред трката за ГН на Катар го помина со најбрзо време.

Актуелниот Светски шампион, Хорхе Лоренцо беше втор, а Валентино Роси исто како и вчера заврши на третата позиција. Кал Крачлоу кој вчера имаше одличен резултат денеска дојде до четвртата позиција, пред Штефан Брадл и Андреа Довициозо. Дани Педроса е далеку од провизорниот подиум, откако и денеска забележа само седмо време. 

Поз.Бр.ВозачТимМоторКм/чВремеРазлика
1 93 Marc MARQUEZ Repsol Honda Team Honda 341.0 1'56.477  
2 99 Jorge LORENZO Yamaha Factory Racing Yamaha 338.2 1'56.745 0.268 / 0.268
3 46 Valentino ROSSI Yamaha Factory Racing Yamaha 339.0 1'56.805 0.328 / 0.060
4 35 Cal CRUTCHLOW Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 337.8 1'57.169 0.692 / 0.364
5 6 Stefan BRADL LCR Honda MotoGP Honda 340.1 1'57.257 0.780 / 0.088
6 4 Andrea DOVIZIOSO Ducati Team Ducati 343.4 1'57.833 1.356 / 0.576
7 26 Dani PEDROSA Repsol Honda Team Honda 342.2 1'57.877 1.400 / 0.044
8 69 Nicky HAYDEN Ducati Team Ducati 337.0 1'58.040 1.563 / 0.163
9 11 Ben SPIES Ignite Pramac Racing Ducati 339.0 1'58.137 1.660 / 0.097
10 19 Alvaro BAUTISTA GO&FUN Honda Gresini Honda 337.3 1'58.298 1.821 / 0.161
11 38 Bradley SMITH Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 335.5 1'58.340 1.863 / 0.042
12 29 Andrea IANNONE Energy T.I. Pramac Racing Ducati 340.6 1'58.575 2.098 / 0.235
13 41 Aleix ESPARGARO Power Electronics Aspar ART 321.7 1'58.631 2.154 / 0.056
14 68 Yonny HERNANDEZ Paul Bird Motorsport ART 320.0 1'58.871 2.394 / 0.240
15 8 Hector BARBERA Avintia Blusens FTR 320.0 1'58.904 2.427 / 0.033
16 14 Randy DE PUNIET Power Electronics Aspar ART 321.5 1'59.185 2.708 / 0.281
17 17 Karel ABRAHAM Cardion AB Motoracing ART 315.9 1'59.809 3.332 / 0.624
18 9 Danilo PETRUCCI Came IodaRacing Project Ioda-Suter 322.6 2'00.557 4.080 / 0.748
19 7 Hiroshi AOYAMA Avintia Blusens FTR 318.2 2'00.652 4.175 / 0.095
20 52 Lukas PESEK Came IodaRacing Project Ioda-Suter 309.8 2'00.919 4.442 / 0.267
21 5 Colin EDWARDS NGM Mobile Forward Racing FTR Kawasaki 319.8 2'00.940 4.463 / 0.021
22 71 Claudio CORTI NGM Mobile Forward Racing FTR Kawasaki 317.4 2'01.321 4.844 / 0.381
23 67 Bryan STARING GO&FUN Honda Gresini FTR Honda 317.2 2'01.622 5.145 / 0.301
24 70 Michael LAVERTY Paul Bird Motorsport PBM 318.0 2'01.816 5.339 / 0.194

 

Денеска од 19:55-20:40 ќе го следиме третиот слободен тренинг во МотоГП, а утре и задутре распоредот е следен:

Сабота:
17:00-17:40 Moto3 Квалификации
17:55-18:40 Moto2 Квалификации
18:55-19:25 MotoGP Слободен тренинг 4 - ново за 2013
19:35-19:50 MotoGP Квалификации 1 - ново за 2013
20:00-20:15 MotoGP Квалификации 2 - ново за 2013
20:40-21:00 Moto3 Загревање
21:15-21:35 Moto2 Загревање

Недела:
17:00-17:20 MotoGP Загревање
18:00 Moto3 Трка (18 круга)
19:20 Moto2 Трка (20 круга)
21:00 MotoGP Трка (22 круга)

 

Би можело да ве интересира

Неделата воопшто не изгледаше како ден на кој ќе се постави нов рекорд во Мото3 класата. Дождот предупредуваше да не се преземаат ризици и да се биде внимателен. Но Чан Онку се погрижи да се случи токму спротивното.

Последната трка од шампионатот ја одбележаа многуте падови, победата на Довициозо и подиумот на Алекс Ринс, а она што беше нај впечатливо беше успехот на Пол Еспергаро кој го донесе КТМ на третата позиција.

GRT Yamaha официјално потврди дека ќе му се приклучи на FIM Светскиот Супербајк шампионат во 2019 година, а Марко Меландри и Сандро Кортезе ќе бидат возачи на екипата.

Џонатан Реа уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите возачи откако постигна најбрзо време на првиот зимски тест кој се оддржа на патеката во Арагон. Пробувајќи го за прв пат  ZX-10RR опремен со новите спецификации, Реа беше за 1.5 секунди побрз од останатите возачи.

Три кратниот светскиот шампион беше именуван за член на MotoGP™ Legend а Шпанецот исто така за време на последната трка од сезоната која се вози во Валенсија ќе биде вклучен и во куќата на славните. Педроса, во 2003 година ја освои титулата во категоријата од 125cc а во 2004 и 2005 година титулата во 250cc. Тој е еден од најуспешните возачи во премиерната класа.

„ Ducati потврди дека нема да биде продолжена соработката со поранешниот MotoGP шампион“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.