Yamaha не се плаши од храбри потези особено кога е во прашање дизајнот. Тоа особено ни стана јасно по The Dark Side of Japan дијанот кој сега гордо го носи MT линијата од овој производител. Но сега, на ред е нов храбат потег, во сферата на класичните дизајни. Модерен изглед кој ја најавува новата сезона на популарните нео/трето модели. Запознајте го Yamaha XSR900 2022.
Оваа категорија на мотори веќе сериозно си го најде своето место на пазарот, моќни, стиулски, полни со карактер и што е најважно од се погодни за прилагодување на изгледот по индивидуална мерка. Тоа е се што мораше да земе Yamaha предвид пред да го претстави новиот XSR900 за да не ја разочара постоечката лојална база на фанови.
Последниот апдејт се карактеризира со почист поостар дизајн инспириран од моторите од 80тите. Минимималистичкиот пристап го разбива мускулестиот резервоар за гориво и страничните панели за вентилација кои како да го повикуваат секој нов сопственик да измисли нешто свое околу нивниот изглед.
Храбрата нова естетика е постигната благодарение на модерниот пристап на стариот Делтабокс дизајн на шасијата која се провлекува во моделите на Yamaha od 1980тите. Со ниско поставениот издув, помала тежина на свингармот и зајакнат стегач новата шасија е полесна но во исто време и поцврста, дизајнирана да ја подобри стабилноста на самиот мотор притоа да не ја жртвува агилноста на истиот.