По скоро цели две годнини, тизери, најави, неофицијални слики и видеа, конечно Husqvarna собра храброст и го претстави Norden 901 и тоа во сабота!
Скоро и да нема што ново да се каже, освен да се поботри се она што се оечуваше и веќе беше најавено за овој модел. Norden 901 е базиран на KTM 890 Adventure, но има различен, повеќемина би рекле далеку поубав, дизајн кој напред го краси уникатниот лед преден округол фар.
Градбата на телото е насочна да му овозможи лесна управливост на тешки терени на познатиот KTM паралелен двоцилиндарец со 889cc кои производува 103,9 КС и 73,4 lb.ft. Рамот е повотрно наследен од сестринскта компнија, KTM, но кај Norden 901 аголот на предната дел е поагресивен и треба да овозможи поголема агилност на самиот мотор во кривини. Суспензијата е повторно онаа која ја има KTM 890, станува збор за WP Apex, но кај 901 одот е малку зголемен, поточно за 20 мм напред и 15мм назад.
Висината на седиштето може да биде 854 или 874мм а истото се стеснува на предниот дел кон резервоарот за да овозможи возачите посигурно да може да застанат со двете нозе на земја.
електрониката ја контролира IMU со шест оски а тука е и корнеринг ABS на J.Juan кочниците и системот за спречување на подигнување на предното тркало. Контролата на прлизгување може да се менува во 9 нивоа, но за да се дојде до таа опција мора да се стави моторот во т.е. Explore мод. На жичаните тубелес фелни Husqvarna има монтирано Pirelli Scorpion Rally STR гуми.
Пакетот со електронски функции вклучува и темпомат, квикшифтер и три модови за возење. Пред возачот стои 5 инчен TFT екран кој може да се поврзе со наменската апликација и да се користи и за навигација, без мапа, само со наведување.
За крај, додека не каже некој какво е искуството да се вози Norden 901 останува само да претпоставиме дека по толку најави сепак ова Хаски е само убаво издизајниран KTM 890 Adventure, а дека е убав, убав е! Иако нели за вкусови не се дискутира.