На само неколку недели пред новото издание на EICMA Yamaha го претстави последниот елемент во MT гамата, супермоќниот MT-10.
По освежувањето кое го добија MT-07 и MT-09 на ред беше најмоќниот и може да се каже главниот Master of tourque да го добие своето освежување. Моделот за првт пат се појави во 2017 годнина како супер нејкид верзија на R1 и постар брат на веќе легендарниот MT-09.
Во срцето на овој модел се наоѓа CP4 агрегатот со зафатнина од 998 кубни сантиметри. Новиот модел има зголеман моќност и сега од 158 има 164КС. Олеснетата алуминиумска рамка, промената на изработката на цилиндрите и полесните алуминиумски клипови му дозволуваат на новиот MT-10 да испорача еднаква моќност во опсгот од 4 до 8.000 вртежи.
И покрај зголемената моќ, сепак моделот ја зголеми својата ефикасност и го намали количеството на C02 во издувните гасови.
Yamaha и покрај тоа што самиот CP мотор нуди звук кој го издвојува од другите, во новата MT-10 се потрудила тоа да се истакне уште повеќе и инсталирале нов лонец и нов титаниумски издув со дополнителни акустични решетки кои ја имаат токму таа цел, да го направат овој модел комплетно свој, оригитнален, автентичен на прво слушање.
Пред возачот MT-10 сега доби нов 4.2 инчен TFT колор екран кој го видовме и на R1. Моделот доби и нови Brembo кочници и Yamaha Variable Speed Limiter (YVSL) за да му даде на возачот поголема контрола при крајните брзини во различни ситуации. Дополнително тука е и ride-by-wire рачката за гас и системот за пролизгување како и системот за спречување на подигнивање на предното тркало.
Новиот MT-10 е достапен во три комбинации на бои, цијан, сина и црна, или како што ги именува производителот Cyan Storm, Icon Blue и Tech Black.
Продажбата започнува од февруари 2022 а официјални цени уште нема.