По стапките на поголемиот брат и помалиот Versys го менува својот изглед и доби некои нови „гаџети”

versus 650 2022 z

Нема потреба од посебна најава, веднаш, на прв поглед се гледа дека новиот, помал, Versys, добива изглед кој се базира на својот поголем брат Versys 1000. Поширок преден дел со дизајн кој покрај препознатлив изглед нуди и подобра заштита од ветер. Новина е и LED светлото напред, но LED има и позади а и трепкачите се исто така LED. 

versys 650 2022

Versys 650 добива и нов TFT екран во боја со велична од 4.3 инчи. Истиот ниди опција за поврзување со паметен телефон. Одлична вест за оние кои сакаат повеќе електроника, а во овие класи ретко кој не сака, е новината дека моделот го добива и KTRC осноно Kawasaki системот за контрола на пролизгување. Тука се и модовите со предефинирани подесувања за различен стил на возење. 

Нема промени во моорт, шасијата и останатите делови. Но, не се жалиме, сега Versys 650 изгледа подобро од кога и да е. 

 
Back To Top