Мотоцикли

Прв преглед: Како е да се вози Harley-Davidson Pan America 1250

После долго чекање, конечно и тоа се случи. Harley-Davidson го претстави Pan America 1250.

Следете нè на:

 

После долго чекање, конечно и тоа се случи. Harley-Davidson го претстави Pan America 1250.

Ова не е некој едноставен авантуристички модел или пак crossover туку станува збор за „all-road“ машина која ќе влезе во категоријата каде со години доминира BMW R1250GS. Или како што се вели во маркеринг кампањата на Американската компанија: „Ова менува се.“

Иако многумина не ги сфаќаа сериозно кога прв пат ја најавија машината во 2018 година, тоа се смени кога на почетокот на 2021-ва година компанијата ги презентираше бројките. А тие гласат: 150 hp, 94 lbs ft и 534 lbs. Сето ова по цена од 14.300 евра.

Навистина импресивни бројки. Можеби се малку инфериорни во однос на бројот на вртежи што го има кај GS но се навистина подобри во однос на бројот на коњски сили, тежина и цена.

Во ред, можеби нема „shaft drive“ и наместо тоа Harley-Davidson користи ланец кој помага во однос на тежината но сепак погледнете ги повторно бројките и веднаш ќе ви стане јасно колку многу има вложено Harley во PanAm.

После неколку прототип верзии, конечно ја сретнавме продукциската верзија. Чуството е исто како и кога го видовме првиот авантуристички мотоцикл на КТМ.

Pan America 8

Замислете само со какви се организациони проблеми се соочи компанијата за да го презентира нивниот можеби најважен модел. Рестрикции за време на производството поради Ковид 19, проблем со транспорт на машината до Тајланд поради проблеми во Суецкиот канал, подготовки за презентацијата во Германија поради дополнителни рестрикции од коронавирусот...

Дури и извршниот директор на компанијата, Јухен Зајц делуваше уморно за време на презентацијата во САД.

Во однос на конечниот резултат, очигледно е дека Harley направи голем чекор напред бидејќи конечниот производ направен во фабриката во Тајланд, за нас изгледа сосема добро.

Но можеби и не е се така добро. Прилагодувањето на ветробранското стакло е лошо, иако самата заштита одлично си ја врши работата. Севкупно гледано, целата работа е одлично завршена и очигледно е дека има подобрување во однос на квалитетот.

Како што кажува и самиот наслов на текстот, ние имавме можност да ја пробаме Pan American 1250 Special, која покрај полуактивната Showa суспензија исто така има и crash bars, штитници и греачи за рацете како и cornering lights. Можете да ја прилагодите висината на седиштето а машината е опремена и со wire-spoked тркала.

Pan America 28

Навистина, стандардната верзија е прилично едноставна но тоа никогаш досега не им пречело на сите оние кои сакаат да купат Harley-Davidson или BMW.

Интересно, овојпат Американската компанија се одлучи оваа машина да има големо светло напред. Pan America 1250 изгледа како вистинска all-road машина на Harley-Davidson.

Ако не ви се допаѓа изгледот, сетете се само дека за време на првите 30 години од постоењето на GS, сите сметаа дека тој одлично фнкционира но и дека воопшто не е убав. Да бидеме искрени, лошиот изглед никогаш не спречила една авантуристичка машина да биде успешна.

За оние кои не се навикнати на машините на Harley, копчињата за радиото кои се наоѓаат на десната страна се непотребни додека пак прекрасниот 6.8 инчен TFT екран е премногу комплициран. Но сепак, малку време ќе ви треба за да ги научите сите негови опции.

Pan America 32

Тука лесно можете да ја подесите контролата на тракцијата, електронската суспензија како и cornering ABS. Има неколку подобрувања кои би можеле да се направат но сепак и ова е во ред.

Обично возиме во „Спорт“ режим но овој пат решивме да ги испробаме и другите опции. Искрено има многу опции а токму тука апликацијата може најмногу да ви помогне. Сепак, таа се уште не беше комплетно функционална.

Веќе на самиот старт ја чуствувате моќта која доаѓа од 1252 cc Revolution Max 1250, water-cooled 60° v-twin моторот и јасно ви е дека Harley досега немал ништо вакво.

Моторот е многу тивок и повеќе личи на V-Strom отколку на V-Rod. Малку е чудно кога го стартувате мотоциклот во прва брзина и можеби инжинерите би можеле малку да поработат на овој дел. Доколку прво го старувате мотоциклот а потоа префлите во прва брзина работите се поинакви. После тоа и кумплугот функционира подобро.

Revolution Max 1250 функционира одлично и предвидливо, од најнизок па се до највисок rpm. Како надополнување, бројот на вртежи се дистрибуира постепено. Тоа е многу моќно но подеднакво распоредено помеѓу 2000 и 9000 rpm.

Pan America 17

Линерниот број на вртежи можеби не е ист како кај GS или пак KTM 1290, но преносот на моќта е импресивен и повеќе од адекватен.

А за прв пат во историјата, Американската компанија ги објавува бројките во однос на моќноста.

Можеби бројката од 150 коњски сили делува како фалење но кога возевме низ германските автопати заедно со други машини, утврдивме дека Pan America 1250 лесно се носи со авантуристичките мотоцикли.

Самиот мотор е голем чекор напред и е далеку подобар во споредба со актуелните Milwaukee Eight мотори кои ги има кај големите HD крузери.

Во однос на управувањето, Pan се уште не е на исто ниво со конкуренцијата но разликата е сосема мала. Steering damper кај Pan America 1250 Special се чини дека повеќе одмага отколку што помага а исто така и на Metzeler Scorcher пневматиците им треба малку повеќе време да се загреат, особено наутро.

Но штом ќе се навикнете на него, мотоциклот ги прави сите работи кои ги сакате а како надополнување на ова, стабилноста е одлична. Ова е особено точно во тесни и долги свиоци дури и ако гаста е до крај отворена.

Во однос на позицијата на седење, таа е доста удобна со таа разлика што некои возачи можеби би сакале рачките да се малку поблиску до возачот. Седиштето воопшто не е ниско. Harley-Davidson исто така креираа и автоматски „ride-height (ARH)“ систем. Да бидам искрен, идејата за ARH е одлична но се уште треба да се работи на неговиот развој пред да можат да го користат пониските возачи.

Pan America 6

За оние кои не се запознаени со овој систем, шасијата се намалува кога не возите. Но, системот не ве информира што се случува ниту пак колку ќе се спушти мотоциклот.

Во однос на суспензијата, нашиот Pan America 1250 Special беше добар. Јапонските Showa елементи одлично се комбинираат со Италијанските Brembo сопирачки, иако предните би можеле да бидат малку подобри. Но сепак, ова е стандардна дискусија кај сите големи, авантуристички, мотоцикли.

Како што се зголемува брзината, станува јасно дека Harley-Davidson Pan America 1250 одлично се справува со Германските автопати. Менувањето на брзини е лесно само би сакале како опција да имаме и quickshifter. На ова сигурно ќе се смее некој фан на Harley.

Дури и при брзина од 225 километри на час, Pan America покажува одлична стабилност. Долго време можеме да ја оддржиме максималната брзина а тоа го направивме дури и во долгите свиоци. На моменти се чуствуваше мало тресење но има многу други авантуристички машини кои би поминале далеку полошо.

Попладнето возевме малку и офроуд. За жал не поминавме многу километри а бевме лимитирани и на тренинг патеки. Harley докажа дека може да се справи со сите предизвици и покрај неговата големина.

Работата која што сите сакаат да ја знаат, а тоа е дека Pan America 1250 се покажа како сериозен играч во авантуристичкиот сегмент.

Очекуваме наскоро на слушнеме и дополнителни информации со кои ќе се потврди дека Harley Pan America 1250 е одличен за возење дури и откако ќе заврши асфалтот а ќе почне земјената патека.

Со 2021 Harley-Davidson Pan America 1250, компанијата доби одлична машина. Со еден потег, Harley-Davidson се доближи до сето она што се бара од еден голем, авантуристички, мотоцикл. Освен ветробранското стакло и вбризгувањето на гориво, оваа машина нема некои лоши страни. Новиот мотор е дополнителна предност.

Крајниот резултат е еден одличен мотоцикл кој слободно може да се носи со сите вакви машини кои во моментов ги има на пазарот.

Дали е подобар од BMW R1250GS, KTM 1290 Super Adventure S па дури и новиот Ducati Multistrada V4? Не, но тоа воопшто не би требало да им пречи на сите фанови на Американскиот бренд.

Pan America има многу импресивен влез на пазарот кој веќе е полн со фантастични мотоцикли. Една работа е сосема јасна. Harley-Davidson Pan America е многу подобар авантуристички мотоцикл отколку што BMW R18 е крузер.

Би можело да ве интересира

Патеката Херез во Шпанија ќе биде домаќин на третата трка во сезоната. Во продолжение следува распоредот за сите сесии.

Ривалите на Французинот добро се сеќаваат на минатата година. Но ова е 2021-ва и ништо не е гарантирано.

Хорхе Лоренцо вели дека Марк Маркез возел без никаков страв на првата трка после долгата пауза која ја имаше поради операцијата на раката. Според поранешниот шампион, лошиот баланс помеѓу предната и задната гума е главната причина за излетувањата во Портимао.

Suzuki претстави подобрена верзија на GSX-S1000. Новата машина сега е помоќна од било кога досега.

Реа и ZX-10RR беа подобри од Кал и М1 на патеката во Арагон.

Од вториот до осмиот круг има најголемо оптоварување врз сопирачките. Пред крајот на трката, притисокот врз нив се намалува за 20 проценти, велат од Brembo.

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.