Lexmoto претстави нов спортски мотоцикл наречен LXS 125.

Новата машина се наоѓа веднаш до неодамна подобрените LXR модели но користи малку помоќен едно-цилиндричен мотор кој има 13.6bhp. Овој мотоцикл исто така доби и шест брзински менувач.

Покрај зголемувањето на моќноста, LXS е исто така и за 12 килограми полесен што е огромна разлика и би требало да значи подобри перформанси.

LXS 125 3

Сопирањето и суспензијата се многу слични со оригиналните модели, кои имаат двојни дискови напред и единечен диск позади, телескопски вилушки како и monoshock. Сепак, висината на седиштето кај LXS и која изнесува 790 милиметри, изгледа како да е многу подобра отколку седиштето кај LXR чија висина изнесува 800 милиметри.

Мотоциклот има издув кој се наоѓа под седиштето како и две опции во однос на боите: Едната е црна, сина и бела а другата многу личи како онаа кај Yamaha MT-07, односно сива и жолта.

Останува да видиме дали LXS ќе биде поквалитетен во однос на LXR, кој сепак и не е така лош ако се знае неговата цена. Продажбата на LXS почнува на 20-ти април а препорачаната цена на производителот изнесува 2900 евра. Иста цена има и SE верзијата на LXR.

Back To Top