Кога станува збор за супербајк машини, Aprilia RSV4 се наоѓа на врвот. Токму поради оваа причина, Италијанскиот бренд не сака да прави многу промени на победничката формула.

После 12 години, Aprilia RSV4 доби уште една голема промена, овој пат пред се во однос на надворешниот изглед но има и неколку технички подобрувања.

Главната новост е изгледот кој е клониран од Aprilia RS 660 дво-цилиндричниот спортски мотоцикл. Тоа значи „dual-layer fairing“ кој ги крие аеродинамичите крилца.

Машината е опремена и со Magneti Marelli 11MP ECU заедно со нов, шест оскен, IMU. Ова значи побрз и попаметен електронски систем, со моторно сопирање на неколку нивоа како и шест режими на возење.

Aprilia RSV4 7 copy

Исто така има и алуминиумска задна вилушка која е полесна отколку порано.

Подобрувања има и кај моторот кој наместо 1,077cc сега има 1,099cc со цел да се надополни она што се загуби со Euro5 хомологацијата.

Ова го оддржува бројот на коњски сили ист (214) но бројот на вртежи е зголемен за 2 lbs•ft. Исто така има и скромно намалување на тежината.

За да видиме дали оваа машина е подобра од неговиот претходник, возевме неколку круга со Aprilia RSV4 на познатата патека Лагуна Сека.

Back To Top