Сигурно мислите дека ова е само уште еден екстремно скап и комплициран „Euro Superbike“ кој не може никој да си го дозволи а обичните смртници нема да можат да го возат без скапата електроника.
Но, почекајте. Новиот BMW M 1000 RR можеби не е баш тоа што го мислите. Да, тоа е М, а не С. Дел од именувањето кај автомобилите се префрла малку кај мотоциклите а оваа машина беше претставена заедно со новите М3 седан и М4 купе.
„М е најмоќната буква во светот“, изјави извршниот директор на BMW M дивизијата, Маркус Флаш за време на презентацијата на новиот мотоцикл. „Тркањето е дел од нашата ДНК. Покрај тоа јас сум голем фан на мотоциклите и за мене е логично што конечно почнавме соработка со мотоциклите.“
M 1000 RR е креиран да биде тркачка платформа. Титаниумскиот издув и тркалата изработени од јаглеродни влакна ја намалуваат тежината додека пак променетата задна оска прави задното тркало да биде многу подобро кога машината се наоѓа на тркачка патека. BMW го зголеми бројот на вртежи на 15100 за да извади максимум од 205-те коњски сили. Исто така има и нови сопирачки изработени во соработка со Nissin. А да не заборавиме, има и аеродинамични додатоци.
Но ова не е уште еден $100,000 Ducati Superleggera или пак $78,000 BMW HP4 Race. Иако M 1000 RR е лимитирана верзија наменета за тркачи, цената е за сериозни тркачи наместо како кај Superleggera за богати колекционери. Препорачаната цена на производителот за Европа изнесува 30 и 35 илјади евра. Иако тоа е многу помалу отколку цената на HP4 Race, сепак е многу поголема од новата Honda CBR1000RR-R, за која моите колеги велат дека ќе се продава по цена од 24,000 евра.
Со оглед на ограничувања на модификациите во тркачките класи Superstock 1000 ширум светот, има смисла одлуката на компаните како што се BMW и Honda директно од фабрика да креираат мотоцикли кои имаат спецификации слични на тркачките машини. M 1000 RR ќе биде достапен на почетокот на следната година. Ако сте дел од некоја Stock 1000 серија, еве уште една платформа за која можете да размислите.