BMW направи подобрувања кај R nine T линијата на мотоцикли. Новите машини сега ќе имаат почист мотор, подобар сет на помагала за возачот а во исто време е задржан класичниот изглед.
Прв пат претставен во 2013 година, „retro roadster“ маркетот доживеа вистинска експлозија во последниве седум години што резултираше со линија која ги вклучува R nineT Pure, Scrambler и Urban G/S.
Во самиот центар се наоѓа подобрената верзија на 1170cc моторот кој доби модификации за почисто возење како и малку посилен среден опсег. Максималната моќност сега е малку намалена ( од 108bhp на 107bhp) но пристигнува за 500rpm порано. Максималниот број на вртежи останува ист. Модификациите на главата на цилиндарот резултираа со поефикасно согорување.
Веројатно најголемите промени се направени кај електрониката. Целата линија сега ќе има корист од ABS Pro и Dynamic Brake Control кои доаѓаат како стандарден дел. Гаста сега е „ride by wire“ што отклучува неколку предности како што се контрола на патувањето, како и неколку „Pro“ режими на возење. Ако купите неколку од овие опциони режими, го добивате и „Dynamic“ режимот каде гаста е подобра а помалку наметливи се контролата на тракцијата и ABS сопирачките. Кај Urban G/S и Scrambler добивате „Dirt“ режим кој во суштина е како „Enduro“ режимот.
Има и уште неколку други помали електронски подобрувања како што се новиот екран, LED светла како и USB полнач. Промени има и кај задниот амортизер. BMW исто така додаде и многу од „Option 719“ додатоците.
Сите мотоцикли ќе можат да се најдат во продавниците на пролет следната година по следнава препорачана цена од производителот: R nine T £13,150, R nine T Pure £10,960, R nine T Scrambler £11,515, R nine T Urban GS £11,515. Цената на овие мотоцикли во Македонија се уште не е позната.