Една од најинтересните работи кои ги видовме за време на WorldSBK трката која се возеше во Лагуна Сека беше преставувањето на најновиот модел кој ни доаѓа од фабриката во Болоња, Ducati Panigale V4 25° Anniversario 916.

Моделот кој му оддава почит на Ducati 919 Superbike мотоциклот кој му помогна на тимот да доминира во серијата, беше преставен лично од Карл Фогерти, возачот кој со тимот на Ducati освои четири WorldSBK титули.

Ducati Panigale V4 25th Anniversary 916 txt 17 07

Веќе зборувавме за спецификациите на овој мотоцикл, кој има издув од Акраповиќ, Panigale V4 R предна рамка, тркала од Marchesini и уште неколку други делови кои можете да ги најдете во каталогот на Ducati.

Ќе бидат произведени само 500 примероци од Ducati Panigale V4 25° Anniversario 916 а ако не успеете да видите некој од овие мотоцикли, тогаш фотографиите кои ги имаме за вас добро ќе ви дојдат.

Доколку пак имате 41900 Евра, тогаш најдобро би било да се упатите во најблиската продавница на Ducati и да резервирате еден од мотоциклите. Тие ќе почнат да пристигнуваат во октомври 2019 година.

Back To Top