Мотоцикли

Преставен KTM 790 Adventure R Rally

Ако мислевте дека новиот авантуристички мотоцикл на КТМ е убав тогаш што мислите за новата 790 Adventure R Rally верзија?

Следете нè на:

 

Ако мислевте дека новиот авантуристички мотоцикл на КТМ е убав тогаш што мислите за новата 790 Adventure R Rally верзија?

Ако мислевте дека новиот авантуристички мотоцикл на КТМ е убав, тогаш што мислите за новата 790 Adventure R Rally верзија?

Од новиот модел ќе бидат произведени само 500 мотоцикли што го прави сон за секој колекционер. Сепак, само неколку мотоцикли ќе се појават на улиците во Велика Британија.

Наменет за сите оние возачи кои сакаат врвни перформанси и одлична суспензија, новиот мотоцикл на КТМ секако дека е специјален. Но ова не значи дека сопствениците на R верзијата треба да се чувствуваат запоставено. Иако не може целосно да се замени она што го нуди Rally моделот, сепак поголем број од деловите веќе се наоѓаат во Power Parts каталогот на КТМ.

KTM 790 Adv R RALLY studio txt 19 06

Лимитираната верзија ја користи истата шасија како и 95bhp LC8c parallel twin моторот. Сепак наместо WP кој се наоѓа кај стандардниот модел, кај новата верзија ја имаме XPLOR PRO суспензијата која има тркачки спецификации.

Напред ја имаме XPLOR PRO 7548 вилушката која нуди одлични можности. На задниот дел имаме XPLOR PRO 6746 амортизер заедно со „progressive damping system (PDS)“.

Rally верзијата има и издув од Акраповиќ, штитник за резервоар изработен од јаглеродни влакна како и аеродинамични крилца.

КТМ се уште не објавиле која ќе биде цената на овој мотоцикл но можеме да очекуваме дека ќе биде за неколку илјади фунти поскапa од верзијата 790 R кој што чини 11,999 фунти.

Која е поентата на 790 Adventure R Rally?

„Бидејќи можеме да го направиме...“

Хуберт Транкенполц, директор на KTM.AG само кратко изјави: „Многу едноставно. Го направивме KTM 790 Adventure R Rally бидејќи така сакавме! Ја имаме целата неопходна опрема и знаеме како да направиме специјален мотоцикл кој ќе им се допадне и на најпребирливите фанови.“

Ветена ни е суспензија која ќе биде многу слична со онаа која ја победничкиот мотоцикл од релито Дакар.

Наскоро очекувајте и подетална анализа за KTM 790 Adventure R Rally.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Викендов на патеката Мотеги во Јапонија ќе се одржи 16-та трка од МотоГП шампионатот.

Kawasaki полека ни открива нови информации околу нивниот „supercharged“ мотоцикл.

Маверик Вињалес вели дека има неверојатно чувство со мотоциклот и на трката која ќе се вози во Јапонија, ќе продолжи да се бори за подобар пласман.

Андреа Довициозо и Данило Петручи до крајот на сезоната имаат за цел да постигнат што е можно подобар пласман.

„Не сме задоволни од последните резултати и во Мотеги ќе испробаме други опции“ - Валентино Роси

Јохан Зарко се враќа во MotoGP и во последните три трки од сезоната ќе вози за LCR Honda.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.