Кога дојде поканата за присуство на презентацијата на двата мотоцикли на Honda, CB650R и CBR650R, навистина бев заинтересиран да отидам. На хартија, моделот 650 изгледа како еден од најпотценетите модели но навистина сакав самиот да проценам дали тоа е вистина или не.

Какви се вашите секојдневни патувања со мотоцикл? За повеќето од нас кои се заинтересирани за 650, веројатно имаат кратки релации во текот на неделата. За време на викендите , можеби одите на некоја подолга дестинација, сам или со пријатели, или пак возите на тркачка патека.

Класата веќе е исполнета со прекрасни мотоцикли како што се Yamaha MT-07 ($7,599), Suzuki SV650 ($7,099/$7,499 ABS), Kawasaki Z650 ($6,999/$7,399 ABS), и можеби Triumph Street Triple S ($9,950). Yamaha XSR700 ($8,499) и Suzuki SV650X ($8,399) исто така се дел од конкуренцијата. Ова е еден од најкомпетитивните сегменти од пазарот на мотоцикли.

 kevinwingphoto 1064 txt 1

Преставени во 2014 година, CB650F/CBR650F моделите на Honda никогаше не беа целосно прифатени. Дел од проблемот можеби беше нивниот изглед, но не дека конкуренцијата беше многу подобра. Покрај ова, влијаеше и одлуката на Honda да користи четири цилиндричен мотор. Колку и да ми се допаѓаат, „inline four“ се потешки а и нивното производство е поскапо. Поради тоа, F моделите беа потешки но и поскапи од нивните ривали.

Доколку сте на местото на Honda како би постапиле вие? Од една страна би можеле да ја следите конкуренцијата. Или пак да пристапите многу поинаку: направете целосна промена на моторот за да понудите нешто уникатно.

 kevinwingphoto 1077 txt 2

Ќе почнам со промените кои ги делат двата модели а потоа ќе зборувам поединечно за секој од нив.

Промените кои Honda ги направи на платформата 650 не значеше и разделување на CB and CBR на два тотално различни мотоцикли. Јас воопшто немам никаков проблем со тоа. Тоа ја оддржува цената пониска а деловите кои ги делат функционираат беспрекорно. Зошто тогаш би го менувал рецептот?

 kevinwingphoto 1072 txt 3

Мотоциклите имаат полесна рамка а позицијата на возење е поагресивна во споредба со неговите претходници. Значително подобрување има кај предната суспензија. Honda реши повеќе да не го користи предниот дел кој го имаше кај F серијата и гозамени со 41 милиметарска „Showa Separate Function“ вилушка. Новата вилушка нуди подобро сопирање. Honda употребува и Nissin клипови кај системот за сопирање. Дво каналски ABS систем како и контрола на тракцијата сега се достапни како посебна опција. На задниот дел, амортизерот исто така е Showa.

 kevinwingphoto 1009 txt 4

Honda е навистина посветена на овој четири цилиндричен мотор и вложија многу време за да го подобрат. Сето тоа резултираше со зголемување за 1,000 rpm. Максималниот број на вртежи сега е 8,500 rpm. Компанијата во САД не објави колку коњски сили ќе има овој мотоцикл но според дел од лицата кои имале можност да го возат мотоциклот најверојатно тој има околу 80 коњски сили. Сепак од Honda Europe велат дека има околу 93 коњски сили.

 kevinwingphoto 1046 txt 5

Овие мотоцикли делат многу работи и затоа ме интересира колку се само различни кога ги возите? Honda ни овозможи да ги тестираме и два модела.

The Honda CBR650R

Првото возење го почнав со CBR650R ($9,399/$9,699 ABS) и морам да ви кажам дека ме импресионираше мотоциклот. Позицијата на возење, како што се очекуваше е спортска. Висината на седишето кај двата модели е 81 сантиметар.

kevinwingphoto 4512 txt 7

Како што почнав да возам, првото нешто кое го забележав е колку е само лесен кумплугот. Од компанијата ми кажаа дека квачилото на новите 650 има хидраулична асистенција.

А со линеарната пренос на моќ, повеќе никогаш нема да имате проблем со метежот во сообраќајот. Менувањето на брзини низ град не беше никаков проблем. Гаста е механичка и го нема „ride-by-wire“ системот. Тоа значи и дека нема неколку режими на возење. На многумина можеби ова нема да им се допадне. Но едноставно, користете ги зглобовите. Доколку го возите по улица, 650 ви го обезбедува неговиот карактеристичен звук. CBR беше фантастичен додека го возевме на автопат. Доколку би имал избор, многу повеќе би сакал со овој мотоцикл да патувам некаде отколку со некој тркачки суперспорт модел. Во секој момент можев да притиснам повеќе знаејќи дека моторот тоа ќе го обезбеди. Овој мотоцикл е одличен за секојдневно возење.

 kevinwingphoto 1067 txt 8

Голем број на возачи го сакаат изгледот на спортските мотоцикли и не сите бараат врвни перформанси. Токму за оваа група на луѓе е наменет CBR и неговата егрономија, забавен мотор и тркачки изглед. За фановите на спортските мотоцикли, предниот дел е од CBR1000RR. Доколку ви се допаѓаа CBR600F2 и F3 моделите од деведесетите години на минатиот век, овој мотоцикл е најблиското нешто до нив.

Време е да преминеме на CB и да видиме што тој ќе ни понуди.

kevinwingphoto 5691 1 txt 9

Honda CB650R

Како што се надевав кај CB650R ($8,899/$9,199 ABS), позицијата на рачките и држачите на нозете прават моето тело да биде во исправена положба. Веднаш ми се допадна предниот дел од мотоциклот, особено делот под LCD екранот. Тоа го прави CB многу покомпактен иако ги дели истите спецификации со CBR.

 kevinwingphoto 1061 1 10

Секако, додека возите, моторот ви дава исто чувство како да сте на CBR. На вашите соседи ќе им се допадне колку е само тој тивок при помала брзина. Забрзувањето е добро а моќта е предвидлива. Кога ќе стигнете до 6,000 rpm ќе почнете да ги чувствувате вибрациите кои доаѓаат од моторот. Но тоа е во ред бидејќи тогаш моторот ве прашува што сакате да направите следно.

kevinwingphoto 5119 txt 11

Навистина сум изненаден што CB нема конкуренција. Во минатото, нив ги нарекуваа „ UJM “ или во превод „Universal Japanese Motorcycles.” Сите правеа вакви мотоцикли а во моментов навистина ми е проблем да се сетам на некој сегашен модел со кој би можел да го споредам. Можеби Suzuki GSX-S750? Но најинтересно од се, Honda се одлучи за целосен редизајн со нивниот “Neo Sports Cafe” изглед.

 kevinwingphoto 1074 txt 12

Мислам дека CB650R е навистина фотогеничен. Тој е модерен и сосема поинаков од мотоциклите кои во моментов ги имаме на пазарот. Впечатливите светла се главниот дел а бронзените тркала исто така даваат уникатен изглед.

kevinwingphoto 5778 1 txt 13

Додека возев низ планините во Калифорнија, преминав на CBR за да ги видам неговите спортски карактеристики. Наскоро наидовме на свиоци каде што можев да го навалам мотоциклот. Одлично се покажаа подобрувањата на суспензијата. Сопирачките и гаста реагираа добро на малите промени кои ги направив. Целиот пакет работи онака како што треба и целото искуство беше фантастично.

Истото можам да го кажам и за CB со кој се возев по истиот пат назад. Овие мотоцикли имаат премногу слични карактеристики. Но до крајот на денот, некако повеќе ми се допадна CB верзијата и нејзината пријателска природа. Поради позицијата на возење, влегувањето во свиоците беше поинтересно.

kevinwingphoto 5223 txt 15

Кој од овие два мотоцикли да го купам?

Прашање кое не можеме да го избегнеме. Верувам дека веќе на половина од текстот, вие имате фаворит. Овие мотоцикли се толку многу слични и затоа верувам дека изборот зависи од вашето лично мислење во однос на стилот на возење. Но, на оние кои планираат да купат еден од овие мотоцикли, би им советувал привин да ги пробаат и двата модели. За подолги патувања и понекогаш возење по тркачка патека, јас би го одбрал CBR. За урбано возење, би одел со CB. Но кој модел и да го одберете нема да згрешите бидејќи тие се многу слични.

Дали се овие потценетите машини за кои зборував на почетокот на текстот? Морам да признаам дека е така. Овие мотоцикли се многу компетитивни и уникатни. Сето ова има своја цена но исто би ве чинело и доколку одберете некоја поефтина опција а потоа вложите дополнителни средства за да го модификувате.

Секогаш ќе има возачи на кои нема да им се допаднат овие мотоцикли. Суперспорт моделите се побрзи. Но Honda не планира да привлече нови клиенти со CBR650R или пак со CB650R. Само едно нешто не ми е јасно а тоа е колку долго овие мотоцикли ќе останат потценети.

Back To Top