(Време на читање: 1 минута)


Kawasaki објавија детали од нивната оф роуд линија на мотоцикли за сезоната 2020.

Kawasaki објавија детали од нивната оф роуд линија на мотоцикли за сезоната 2020 а меѓу нив се најде и најмоќниот KX250 изработен денеска. Меѓу новите промени кај мотоциклот е „finger follower valves“ (како оние што може да се најдат кај најновиот ZX-10RR) кој што обезбедува за 3.2bhp поголема моќност во споредба со актуелниот модел.

kawasaki kx250 02 txt 19 06

Мотоциклот исто така користи „downdraft-style intake routing“ со цел да се зголеми капацитетот на цилиндерот.

Покрај KX250, во линијата на мотоцикли на Kawasaki за сезоната 2020 ќе има уште четири KX машини: KX450, KX65 и KX85(мала и голема верзија).

За ендуро возење и понатаму ќе биде задолжен KLX450R. Помладите ќе можат да научат да возат на KLX110 кој е многу поедноставна опција отколку дво тактниот KX.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: