На прв поглед, Kawasaki Ninja H2 SX SE+ изгледа прилично скапо.
На прв поглед, Kawasaki Ninja H2 SX SE+ изгледа прилично скапо. Речиси 24 илјади евра е сериозна сума. Со оглед на тоа дека најдобриот елемент кај SE+ се уште е моторот, можете да ја одберете основната H2 SX верзија. Ќе ја добиете истата динамика со тоа што ќе платите 6000 евра помалку. Оваа машина има уникатна комбинација на брзина, комфорт и практичност.
Удобност при возење и квалитет
Иако е голем и тежок (262 кг, речиси исто како и BMW R1250RT), H2 SX е лесен за управување. Ќе се изненадите колку само лесно се влегува во свиоците. Суспензијата која ја има кај основниот H2 SX е суптилна а слично чувство дава и новата, полу активна суспензија која ја има кај SE+. Возењето е многу попредвидливо отколку на пример кај Ducati Multistrada 1260 S. Доколку го смените режимот на возење од „Road“ на „Sport“ , SE+ е уште подобар во свиоците.Задниот амортизер е ист како и кај ZX-10RSE.
Мотор
998cc inline four кој го има кај овој модел е подобар отколку кај оригиналниот H2. Првиот ваков мотор на Kawasaki беше специјално дизајниран да има повеќе од 300 коњски сили а потоа беше прилагоден за улица. Сепак, SX моторот е специјално дизајнирана единица. Иако 197bhp изгледа прилично многу, средниот опсег е она што е најимпресивно. Доколку ја отворите гаста до средниот опсег, ќе имате чувство како да ве фрлаат некаде со катапулт. Менувачот е добар но има моменти кога не делува баш природно.
Издржливост и квалитет
Kawasaki ја покажува својата класа во секој дел од овој мотоцикл, почнувајќи од копчињата на рачките, клучот за стартување па се до удобноста при возењето. Доколку на ова го додадете и неверојатниот мотор, H2 SX SE+ станува уште подобар.
Опрема
Земете длабоко воздух. H2 SX SE+ има три режими на возење, сензитивна контрола на тракцијата, ABS, електрична суспензија како и најнови сопирачки.
Не е се во перформансите. SE+ има поголемо ветробранско стакло, загреани рачки како и можност да го поврзете вашиот телефон. Тука секако се и кожните седишта. Единственото нешто што недостасува се индикаторите кои сами се гасат. TFT екранот е лесен за управување а сега имате можност да го приклучите и вашиот телефон. Доколку ја инсталирате апликацијата „Rideology“, догаш ќе можете да ги прилагодите сетинзите и да го одберете режимот на возење.
Дополнителна опрема
До крајот на септември 2020, доколку доплатите 950 евра, H2 SX и SX SE+ ќе бидат достапни заедно со дополнителна опрема.
Историја на моделот
Kawasaki H2R за прв пат беше претставен во 2015 година. Оваа машина која беше наменета само за возење на тркачка патека имаше 310bhp и изнесуваше неверојатни 50 000 евра.
Kawasaki H2 за прв пат беше претставен во 2015 година а доби подобрувања во 2019. Неговата цена е 26 000 евра и има 206bhp.
Основната верзија на H2 SX за прв пат беше претставен во 2018 година и неговата цена изнесува 17500 евра. SX SE пак чини 21 000 евра.
Други верзии
Туринг моделот доаѓа заедно со GPS, куфери за дополнителка опрема. За дополнителни 500 евра можете да ја добиете „Performance“ верзијата која е опремена со издув од Акраповиќ. Цената на Performance Tourer изнесува 24500 евра.