Како што се очекуваше, прекрасниот MSX125 мини мотоцикл на Honda доби подобрување за сезоната 2021. Ова е резултатот.
Прв пат преставен во 2014 година, мотоциклот инспириран од верзиите од седумдесетите години и кој има 12 инчни тркала и зафатнина од 125cc предизвика глобална сензација. „Grom“, како што беше нарекуван во Јапонија и САД, на еден начин стана култна машина.
Шест години подоцна, MSX доби значително подобрување.
Сега официјално наречен „ MSX125 Grom “ , оваа машина е во согласност со Euro 5 стандардот, има 125cc мотор со воздушно ладење и наместо четири, сега има пет брзини.
Максималната брзина останува иста , 93 км/ч, но сега е подобро распределена помеѓу секоја брзина. Како што претпоставувате, моќноста останува иста но внатрешните промени кои ги доби оваа машина прават се да функционира многу помазно.
Најголема промена има кај изгледот каде може да се забележи нео-ретро влијанието. Овој мотоцикл е опремен и со LCD екран каде можете да го видите бројот на вртежи и во која брзина возите. Шасијата остана непроменета.