Africa Twin е одличен избор за сериозните оф роуд ентузијасти. Ако пак сакате подолга авантура, тогаш Africa Twin Adventure Sports ES моделите се одлична опција за вас со оглед на тоа дека имаат дополнителна опрема, електронски контролирана суспензија, прилагодливо ветробранско стакло, поголем резервоар за гориво и уште неколку други додатоци.
Удобност
- Повисоки рачки: Рачките се повисоки за 22.5 милиметри. Ова ви овозможува поголема удобност за време на долгите патувања.
- Алуминиумски рачки: Уште еден пример за врвната опрема која ја има Africa Twin. Тие се полесни во споредба со челичната верзија и имаат голема ригидност.
- Накосена подрамка: Тука имаме две работи. Прво, алуминиумската подрамка може лесно да се извади доколку треба да се направат одредени поправки. Второ, за 2020 година таа е накосена за 40 милиметри.
- Греачи на рачките: Стандарден дел кај Africa Twin Adventure Sports ES моделите. Можеби ќе ви делуваат чудно на почеток, но еднаш штом ги пробате, нема да сакате да се вратите на претходната верзија.
- Накосено седиште: Со тоа што седиштето е накосено за 20 милиметри, возачот полесно може да ја спушти ногата на асфалтот кога чека на семафори или на паркинг.
- Нови надворешни додатоци: Промени на надворешните додатоци, а исто така има промени и кај светлата. На подолги релации овие промени ќе ви бидат од голема помош.
- Прилагодливо ветробранско стакло: Стандарден дел кај 2020 Africa Twin Adventure Sports ES, новото ветробранско стакло обезбедува одлична заштита. Одлично е и за повисоки но и за пониски возачи.
- Атлетска позиција на возење: Авантуристичкото возење е активен спорт, а тоа значи дека позицијата на возење треба да ви биде многу природна.
- Прилагодливо седиште: Кај моделот за сезоната 2020 променето е и седиштето. Покрај тоа што е пониско, има и две позиции за прилагодување, од 850 на 870 милиметри. Прилагодувањето се врши брзо и е погодно за многумина.
- APPLE CARPLAY: Apple CarPlay™ овозможува лесно интегрирање на вашиот телефон со новиот Africa Twin. Тоа значи дека со помош на телефонот, можете да пристапите до Apple Maps, Apple Music како и уште многу други сервиси. Bluetooth во овозможува многу лесна комуникација.
- Нов TFT екран: Новата Africa Twin има 6,5 инчен LCD екран. Можете да одберете еден од трите дисплеи во зависност од тоа колку информации сакате да видите одеднаш.
- Шест брзинска DCT автоматска трансмисија: Достапна на Africa Twin DCT и Africa Twin Adventure Sports ES DCT, ова е трансмисијата на иднината. Можете да ја оставите машината сама да ги менува брзините или ако сакате можете и сами да го направите тоа. Четирите сетинзи, (Drive, Sport 1, 2, и 3), ви овозможува сами да ја одберете најдобрата опција во зависност од условите за возење.
- Голем резервоар за гориво: Africa Twin и Africa Twin DCT имаат 18,8 литарски резервоар. Adventure Sports ES моделите пак имаат 24 литарски резервоар.
https://youtu.be/vt69VUzYbC0
Инжинеринг
- Контрола на патувањето: Една од најлошо чуваните тајни во светот на мотоциклите - Africa Twin моделите на Honda се едни од најдобрите машини за долги дестинации. Моделите за сезоната 2020 се опремени со круз контрола, исто како и Gold Wing машините.
- Throttle by Wire: Овој систем ја зголемува разноликоста на Africa Twin моделите. Прво, имате седум нивоа на „Honda Selectable Torque Control“. Второ, можете да изберете еден од четирите режими на пренос на моќ. Прв пат употребен кај верзијата RC213V-S, „throttle-by-wire “ системот е одличен показател за тоа како технологијата на Honda работи во ваша корист.
- ABS кочници: 2020 Africa Twin имаат два вида на ABS сопирачки: on-road и off-road. Постои и трета опција која ви овозможува целосно да ги исклучите.
- Cornering Anti-Lock сопирачки: Anti-lock системот доаѓа како стандарден дел кај Africa Twin моделите. Тие се опремени со шест оскен IMU, знае кога го навалувате мотоциклот и реагира соодветно.
- Лесна Литиумска батерија: Стандардните батерии се неверојатно тешки, токму затоа Africa Twin е опремен со лесна, литиумска батерија. Малку е подолга за полнење но и трае за 1.6 пати подолго.
- Низок центар на гравитација, компактна маса: Со тоа што батеријата но и останатите тешки делови се наоѓаат во близина на центарот на гравитација на мотоциклот и со тоа што користи компактен мотор, Africa Twin обезбедува одлична платформа за лесно управување.
Управување
- Електронски контролирана суспензија: Africa Twin Adventure Sports ES и Adventure Sports ES DCT се опреемени со SHOWA EERA електронски контролирана суспензија. Можете да одберете еден од петте сетинзи: hard, medium, soft, off-road, а едната опција можете сами да ја подесите. Лесно се менува од една во друга опција.
- Нова челична рамка: Рамката на 2020 Africa Twin е за речиси неколку килограми полесна отколку кај претходната верзија.
- Предна суспензија за долго патување: Africa Twin не само што изгледа како авантуристички мотор, туку тој е токму тоа во вистинска смисла на зборот. Видите ја само предната суспензија. Вилушката од Showa е целосно прилагодлива.
- Сопирачки: Оваа машина напред има моќни сопирачки. Нивниот радијален дизајн исто така ги прави и поцврсти со што се подобрува контролата при сопирање.
- 43 Degree Steering lock: Со помош на овој додаток, Africa Twin нуди одлично управување кога возите низ некој тесен простор. Токму ова ја прави главната разлика меѓу Africa Twin и останатите вакви машини на пазарот.
- Нова задна вилушка: Кај 2020 Africa Twin, задната вилушка има помала тежина. Секој пат е добро кога ја намалувате тежината на суспензијата. Тоа го подобрува самото управување со мотоциклот.
- Hollow Axle Shafts: Africa Twin користи големи „hollow steel axles“ напред и позади. Тие се силни, лесни и издржливи. А токму оваа комбинација е вистински опис на се она што е овој мотоцикл.
- Selectable Torque Control: Throttle-by-wire системот ни ја овозможува употребата на Honda Selectable Torque Control опцијата. Сами можете да одберете каков ќе биде преносот на моќта. Имате седум сетинзи за сите услови на возење.
- Wheele Control: машината има сензори на предното и задното тркало и тие работат заедно со „Selectable Torque Control“ системот.
- Режими на возење: И двата модели, мануелен и DTC, нудат шест режими на возење: Tour, Urban, Gravel, Off-Road, корисник - 1 и корисник – 2. Последните две опции овозможуваат да го прилагодите системот според вашите потреби.
Гуми и фелни: Вистинските авантуристички мотоцикли имаат тркала со спици бидејќи тие се подобра опција за оф роуд возење. Сите Africa Twin модели имаат 21-но инчно тркало напред и 18 инчно тркало позади. Со тоа се обезбедуваат подобри перформанси особено кога возите офроуд.
- Tubeless пневматици: Стандарден дел кај сите 2020 Adventure Sports модели.
Моќност
- Нов, поголем 1084cc мотор: Новиот CRF1100L Africa Twin го опремивме со голем и моќен мотор.
- Twin Intakes: Africa Twin користи уникатен дизајн со два вертикални елементи. Свежиот воздух обезбедува подобри перформанси на моторот, дури иако неколку часа возите низ прашина.
- Unicam дизајн на моторот: Со помош на ексклузивниот „Unicam“ дизај на моторот се обезбедуваат супериорни перформанси.
- Компактен издув: Користејќи ја истата технологија како и CBR1000RR Superbike, со новиот придушувач на звук кој го има кај Africa Twin моделите се намалува емисијата на штетни гасови, а во исто време се зголемува и моќноста.
Цена
Во Макпетрол (увoзникот на Хонда за Македонија) каде што можете и да ги погледнете моделите, цените се:
CRF1100 STD HRC - 15.290 евра
CRF1100 A2 Adventure Sports - 16.490 евра
CRF1100 A4 Adventure Sports - 18.790 евра