Можеби најголемото изненадување кое го видовме на 2018 EICMA шоуто беше RS 660 концептот на Aprilia.

Можеби најголемото изненадување кое го видовме на 2018 EICMA шоуто беше RS 660 концептот на Aprilia. На пазарот каде што супербајк моделите од средна класа се во пад, Aprilia реши да му се спротистави на ваквиот тренд со овој концепт и неговиот 660cc parallel-Twin мотор кој доаѓа од 1100cc RSV4 и Tuono V-4.

Се верува дека Aprilia планира да го престави овој модел како верзија за сезоната 2020, а неколку фотографии од мотоциклот веќе се појавија на интернет. Во кацеларијата за интелектуална сопственост во Австралија веќе се појави дизајн кој многу личи на концептот. Постојат неколку различни работи но исто така има и многу сличности.

053019 2020 aprilia rs660 concept design comparison 2 copy

Целокупниот дизајн е сличен, има идентична рамка, мотор, амортизери и резервоар за гориво. Надворешниот дел од каросеријата е речиси идентичен но има разлики од внатрешната страна. Од Piaggio изјавија дека концептот користи аеродинамичен систем без да откријат повеќе детали.

Предниот дел е малку променет а има измени и кај светлата. Кај концептот светлата се жолти но најверојатно станува збор за трепкачи бидејќи тешко дека ќе го поминат тестот за хомологација.

053019 2020 aprilia rs660 concept design front and rear txt 3

Останатите промени се многу посуптилни. Дизајнот користи различни тркала а вилушката е малку подебела и права во споредба со онаа кај концептот. Поради ова, има промени и кај задниот амортизер. Се чини дека дизајнот има Sachs вилушка слична како онаа што можеме да ја најдеме кај RSV4 RR.

053019 2020 aprilia rs660 concept design left side txt 4

Прашањето кое сега се поставува е дали поднесените документи се однесуваат за продукциска верзија или пак за оригиналниот концепт? Иако има разлики од моделот кој го видовме на EICMA, сепак има многу работи кои не наведуваат да мислиме дека станува збор за концепт. Продукциски мотоцикл исто така би имал и многу поголем издув за да биде во согласност со регулациите. Некои помали детали како што се држачите за нозе, исто така ни сугерираат дека не станува збор за конечна верзија.

053019 2020 aprilia rs660 concept design right rear txt 5

Документите беа поднесени на 8-ми април 2019 година но се повикуваат на претходно доставени документи во Европската канцеларија за интелектуална сопственост (EUIPO) со дата на 29-ти октомври 2019 година.

Според она што можеме да го видиме на фотографиите, Aprilia работи на два сетапи, една верзија наменета за тркачка патека и друга за возење на улица. Фотографиите покажуваат многу поголем издув како и штитник за ланецот на левата страна на вилушката. Фотографиите беа направени во декември, еден месец после EICMA.

Во секој случај, сигурно ќе дознаеме повеќе информации на EICMA шоуто каде што очекуваме да го видиме дебито на Aprilia RS 660.

Back To Top