Деби настапот на Yamaha FJR 1300 беше една од главните теми на на овогодинешното мотошоу во Париз. Тој се оддржува веднаш по ECIMA шоуто во Милано, еден од главните настани на мото календарот на кој секој љубител на мотоцикли мора да присуствува и на кој секој производител на мотоцикли се појавува со комплетно нов мотор.

2016 Yamaha FJR1300AS EU Tech Graphite Studio 007

Затоа, 180 000 лица кои оваа година присуствуваа на шоуто во Париз, на кој беа прикажани 400 примероци од речиси сите производители, уживаа во убавините на мотоциклите. Токму таков пример беше и можноста да се види и моделот на BMW, R nineT scrambler, како и можноста да се види одблизу препородениот модел на Honda, Africa Twin. Мотоцикл кој не само што ја сигнализира намерата на брендот повторно да се врати на пазарот, тукуи да го направи тоа со цена која е пониска од цената на конкуренцијата.

Но сепак, имаше едно изненадување од Yamaha. Тие го одбраа францускиот главен град за да го претстават новиот FJR 1300. Еден од најпопуларните и обожувани модели на компанијата. Надворешните промени на овој мотоцикл се сведени на минимум со цел да се задржат лојалните потрошувачи.

2016 Yamaha FJR1300A EU Tech Graphite Studio 006

Тој има нови LED светла кои изгледаат фантастично. Новите предни светла се доста силни и можат да го осветлат секој дел од патот.  Колку и да ви звучи ова добро, промените во моторот се она што е важно.

За 2016 година, FJR 1300 конечно ќе добие лесен, шест брзински менувач и полесно квачило. Со тоа мотоциклот ќе може побрзо да постигне поголема брзина, подобро забрзување и намалена потрошувачка на гориво. Исто така е обрнато внимание и на безбедноста. Сите нови модели на овој мотоцикл ќе имаат Dianese D-Air. Локалниот застапник на Dianese, сепак ќе мора да го инсталираат овој додаток, но откако тој ќе биде инсталиран, мотоциклот ќе може безжично да комуницира со D-Air Street системот.

Back To Top