После три сезони во кои љубителите на соголени мотоцикли беа во исчекување, Honda ги претстави моделот CB500F за 2016 година на саемот EICMA кое се оддржа во Милано. И другиот модел за 2016 година, CBR500R, исто така претрпе неколку промени.

cbr500r 1

cb500f 1

Моделот CB500F има малку повеќе мускулест изглед. Во подобрените делови е вклучено LED светло, напред и позади, како и подобар издувен вентил. Резервоарот за гориво е поголем, а вилушката може да се прилагодува.  Моделот CB500F доаѓа заедно со прилагодлива предна сопирачка, алуминиумски држачи за нозете и подобрена трансмисија, тврдат од Honda.

cb500f 2

Овој мотоцикл се уште го има 471cc DOHC моторот, кој може да произведе  47bhp. Рамката останува непроменета. CB500F ќе биде достапен во шест бои.

cbr500r 2

Другиот модел, CBR500R, исто така е подобрен. Претставен во 2013 година, овој мотоцикл има малку поинаков изглед. Од Honda, ја нарекуваат оваа филозофија на дизајнот „Агресивна брзина“, која има спортски, остар преден дел со LED светла,  и краток, малку подигнат заден дел. На овој модел нема никакви промени во однос на моторот, рамката и сопирачките, што значи дека го има истиот 471cc мотор. Моделот за 2016 година е опремен со LED светла, поголем резервоар за гориво, прилагодлива предна вилушка и редизајниран издув. 

Back To Top