Yamaha YZF-R1 GYTR е навистина специјална машина и поради таа причина од неа ќе бидат произведени само 20 примероци.

Оваа бројка е во чест на 20 годишнината на YZF-R1 супербајк. Но покрај ова, оваа бројка е во чест и на успехот кој го постигна Yamaha на трката Suzuka 8-Hour, што за нив беше четврта победа по ред.

Машина која е намената исклучиво за тркачката патека, Yamaha YZF-R1 GYTR и изработен од официјалниот тим на Yamaha кој победи на трката во Сузука. Иако на него има неколку реклами од каталогот на GYTR како и од останатите спонзори, воопшто не треба да се сомневате во перформансите кои ги обезбеди Yamaha.

Знаеме дека Yamaha YZF-R1 GYTR има издув од Акраповиќ(Evo 2 Titanium), Brembo сопирачки (GP4-RX предни клипови, 320mm T-Drive дискови и 19RCS Corsa Corta главен цилиндар), додатоци изработени од јаглеродни влакна, Öhlins суспензија(FGRT 219 вилушка, TTX36 GP амортизер) како и Bridgestone пневматици(V02 меки).

Секој од моделите ќе има и посебен сериски број а заедно со мотоциклот ќе ви стигне и официјален сертификат со кој се потврдува автентичноста.

2019 Yamaha YZF R1 GYTR 09

Цена? 39 500 евра во кој е вклучен и VAT, што значи дека цената ќе варира во зависност од државата. А бидејќи овој мотоцикл го нуди Yamaha Motor Europe, мали се шансите тој да биде достапен и во САД. Но, ако постои желба, ќе се најде и решение.

Доколку сте заинтересирани за овој тркачки мотоцикл на Yamaha, тогаш можете да го нарачате тука.

Ако пак сметате дека нема да бидете еден од оние 20 среќници кој ќе успеат да дојдат до оваа машина, тогаш можете да ја погледнете галеријата подолу која е опремена со фотографии кои имаат висока резулуција...бидејќи можеби ова е најблиску што некогаш ќе успеете да се доближите до Yamaha YZF-R1 GYTR.

Back To Top