Мотоцикли

Голем крузер ќе ни пристигне од BMW?

Не е необично кога одредена компанија со цел да привлече што е можно поголемо внимание, одлучува за време на некое мото шоу да претстави мотоцикл кој се базира на некој иден модел. Но R18 "Departed" кој го видовме за време на мото шоуто во Јокохама има уникатен 1800cc мотор.

Следете нè на:

 

 

Во последно време, обично конзервативната BMW, ги претставува новите мотори преку рачно изработени мотоцикли, како што е Roland Sands R9, кој подоцна стана RnineT. Дали ова значи дека BMW планира да направи нов голем мотоцикл кој ќе му се спротистави на Harley?

Custom Works Zon е Јапонски производител кој е познат по креирањето на Harley-Davidson модели. Тој многу често користи големи бандаши и мали тркала а тоа очегледно е повторено и на "Departed".  Се чини дека BMW сака да креира мотоцикл кој ќе има 26 инчно задно тркало. Во официјалното соопштение, Јучи Јошизава ова го нарече „прототип на спектакуларен нов Boxer мотор.“ А бидејќи Yamaha и Harley можат да направат традиционални мотоцикли кои имаат мотор со воздушно ладење и кој ги исполнуваат законите за штетни гасови, зошто тоа не би можел да го направи и BMW.

V-twin моторот на Yamaha кој е дел од нивните туринг модели има 2,250 rpm како и 80 коњски сили на задното тркало при само 4000 вртежи во минута. Сигурно мислите дека и BMW може да го постигне ова а во исто време да внимава на Euro 4 регулацијата. После се, кај крузер мотоциклите главни се карактерот и чувството кое го даваат.

bmw cruzer 5

Всушност не е само тоа. Тука е и изгледот!  Се чини дека изгледот е главниот дел зошто тие не сакаат повторно да се вратат на големиот цилиндар. Оклопот кој го има ставено Зон на својот модел ги прави цилиндрите многу поголеми отколку што се реално. Дури малку потсетуваат и на R71 и Harley-Davidson XA.

Последниот крузер на BMW беше R1200C и во текот на годините тие продадоа повеќе од 40 илјади  примероци од овој модел. Според претседателот на BMW Motorrad, Херберт Диес, единствената причина поради која запреле со производство на овој модел е бидејќи повеќе не можеле да ги исполнат очекувањата на потрошувачите како и стандардот за емисија на штетни гасови. Но се чини дека инжинерскиот оддел на компанијата креираше токму таков мотор.

Би можело да ве интересира

Сега откако пред-сезонските програми веќе се финализирани и се знаат целите за сезоната 2019, разгледавме што му е потребно на секој тим во сезоната која претстои. За време на заедничката прес конференција на сите тимски менаџери, секој од шефовите на екипите откри какви им се приоритетите во текот на зимските тестови.

Зборувајќи за Crash.net, Скот Рединг открива која е единствената работа за која жали што не ја направил за време на неговиот  11 годишен престој во Гран При трките:  Губењето на титулата во Moto2  серијата во 2013 година.

„Некои луѓе ни се смеат и мислат дека направивме голема грешка.Но ова е само почеток“ - Ерв Поншарал зборува за новата Tech3 KTM MotoGP ера

Откако загуби 20 минути за време на шестата етапа, се чинеше дека заврши сонот на Сем Сандерленд да го повтори успехот од сезоната 2017. Сепак, откако успеа да стигне до победа на седмата етапа, тој повторно се врати во игра за првата позиција.

Шефот на Suzuki, Давиде Бривио вели дека губењето на концесијата била главната цел на Suzuki минатата година. Предупредува дека следната сезона ќе има поголем притисок.

MotoGP сезоната 2019 претставува нов почеток за возачот на Petronas Yamaha, Франко Морбидели. Поранешниот Moto2 шампион премина од тешката за возење Marc VDS RC213V машина на фабричката Yamaha која треба да биде иста со онаа која ја има неговиот ментор и менаџер, Валентино Роси.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.