MV Agusta ја претстави подобрената 2021 Turismo Veloce туринг линија која сега ветува поголем комфорт додека возите, модерна електроника и Euro5 стандард.

Ваквата објава следува само една недела откако компанијата ги претстави сличните промени и кај Superveloce ретро спортбајк линијата како и претходните промени кај Brutale 800 RR. Turismos ќе продолжи да биде достапен во неколку опции, Lusso, Lusso SCS, Rosso и RC SCS. Сите тие ќе бидат опремени со 798cc три цилиндричниот мотор.

Оваа машина која има 109bhp исто така доби и зголемување од 12% во однос на бројот на вртежи. Благодарение на новиот пренос на брзините има и намалување на потрошувачката на гориво. Промени има и внатре во машината со цел да се намали триењето.

turismo veloce tft

Меѓу другите промени се и редизајнираниот издув а промени се направени и кај кумплугот и менувачот со цел промената на брзините да биде помазна. Различни мотоцикли ќе имаат различни промени а моделите Lusso SCS и RC SCS и во иднина ќе го имаат „Smart Clutch“ системот кој е креиран во соработка со Rekluse.

Моделите се опремени и со поголем екран а промени има направено и на средниот дел поради што висината на седиштето е намалена за 20 милиметри.

Седиштето сега е многу поудобно а полуактивната суспензија на Sachs, благодарение на променетите сетинзи, сега е многу попрецизна. Таа е достапна кај сите модели освен кај поефтиниот Rosso модел кој доби мануелно прилагодливи Sachs амортизери како и 43 милиметарски Marzocchi вилушки.

mv smart clutch

Turismo Veloce доби и голема промена во однос на електрониката. Според информациите, новиот ECU обезбедува подобра реакција на гаста додека пак IMU обезбедува многу подобри lean-sensitive traction control и ABS.

За максимална безбедност, Turismo Veloce Lusso, Lusso SCS и RC SCS се опремени со интегриран сателитски систем за спречување на кражба. Со неговата помош исто така можете да лоцирате и каде се наоѓа вашиот мотоцикл.

Back To Top