Мотоцикли

Кажете и збогум на Hayabusa

„После 20 години прекинува прозиводството на големиот мотоцикл на Suzuki“

Следете нè на:

 

Во минатото нарекуван „Кралот на брзината“ , Suzuki Hayabusa ќе замине во историјата поради се построгите Европски правила за емисија на штетни гасови.  Euro4 правилата стапија на сила на 1-ви Јануари 2016 година а Hayabusa не ги исполнува. Останатите вакви модели во поголемиот дел од светот ќе можат да се продаваат до крајот на 2018 година. Во САД имаме поинакви закони за загадувањето , но и покрај тоа Suzuki одлучи да го запре производството.

Веќе подолго време постоеја гласини дека овој модел на Suzuki ќе го напушти пазарот, но исто така имаше и гласини дека ќе добие нова технологија, како што е полу автоматската трансмисија. Но откако од Јапонската фабрика излезе и последниот модел на GSX1300-R, како точни се покажаа гласините дека тој ќе прекине со производство. Компанијата одлучи да го заштити брендот Hayabusa па евентуално во иднина би можеле да очекуваме да се врати на пазарот. Сепак, тоа нема да се случи во 2019 и 2020 година, но кога ќе се појави, сигурно ќе биде поголем, помоќен и побрз.

hayabusa 2

Дали следната Hayabusa ќе биде „turbo“ или „ supercharged “ како што е Kawasaki H2? Дали ќе има полу автоматска трансмисија? Дали ќе изгледа како концептот GSX кој го видовме на мото шоуто во Токио? Само времето ќе покаже но Suzuki мора наскоро да направи нешто кое ќе може да им се спротистави на Kawasaki ZX-14 и H2. Можеме да очекуваме новиот мотоцикл да има повеќе од 200 коњски сили како и речиси 1500cc.

hayabusa 3

Се додека не се појави новиот мотоцикл, ние можеме да уживаме во 2019 Suauki Hayabusa GSX1300-R. И покрај тоа што поминаа речиси 11 години од последната голема промена која беше направена на овој модел, тој уште е доволно брз. А доколку ги погледнеме спецификациите за сезоната 2019 можеме да видиме дека тие не се разликуваат премногу од претходната година.

Би можело да ве интересира

Алваро Баутиста продолжува со перфектниот старт на новата сезона и стигна до нов хет трик од победи.

FIM потврди дека жалбата која тимовите ја поднесоа против Ducati ќе биде разгледана од страна на Апелацискиот суд надлежен за MotoGP а сослушувањето треба да се одржи овој месец.

Алваро Баутиста го претекна Џонатан Реа и се најде на првото место по завршувањето на слободниот тренинг во Тајланд. Двајцата возачи постојано го подобруваа своето време.

Тимскиот менаџер на Suzuki, Давиде Бривио, тврди дека новиот уред на мотоциклот на Ducati има врска со аеродинамиката. Вели дека Suzuki поднесе жалба со цел засекогаш да се реши проблемот.

Првата трка од новиот MotoE шампионат, која требаше да се вози во Херез на почетокот на мај, можеби нема да се одржи.

Сега имате можност да станете сопственик на уникатна машина.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.