Мотоцикли

Јамаха слави 6 децении натпреварување со нови бои на R1, R7 и R3

Врвна технологија и најдобри перформанси во бројки е она што ја зголемува продажбата на супер спортските мотоцики. Но, да бидеме реални, мотор се купува и со срце, еднакво колку што се купува на база на бројки. А тоа понекогаш може да значи и само да ти легне бојата на моторт и да знаеш дека едноставно мора да го имаш.

Следете нè на:

Врвна технологија и најдобри перформанси во бројки е она што ја зголемува продажбата на супер спортските мотоцики. Но, да бидеме реални, мотор се купува и со срце, еднакво колку што се купува на база на бројки. А тоа понекогаш може да значи и само да ти легне бојата на моторт и да знаеш дека едноставно мора да го имаш.

yamaha r 6 godini

Јамаха многу добро го знае тоа и затоа по повод одбележувањето на 60 години од нивното деби во гран при натпреварувањата претстави нов јубилеен изглед на нивната R линија. R1, R7, и R3 сите добија традиционални Јамаха рејсинг бои со препознатливите црвени квадрати, златни бандажи, златна вилушка, црни рачки и специјална ознака на филтерот за воздух. Бројките се исти, се останато е исто. Доплаќате само за бојата. Кај најмалиот модел R3 разликата во цената изнесува околу 200 долари, кај R7 е 300, додека пак кај најголемиот R1 таа е околу 500 долари повеќе од стандардните верзии. 

Јамаха за прв пат во светскиот шампионат влезе во 1961 година на Француското гран при во класата 250cc и тоа со RD48. Првата победа дојде две години подоцна кога Фумио Ито застана највисоко на подумот во Белгија. а во 1964 Фил Рид го освои шампионатот во категоријата 250cc, додека пак Јамаха се најде на врвот на листата на конструктори. 

Јамаха сега има вкупно 511 гран при победи со вкупно 38 различни возачи. И покрај тоа што низ годините заради различни спонзори боите на натпреварувачките мотори се менувала, сепак  белата и црвена комбинација која се наоѓа на јубилејните изданија сега е онаа која најчесто се поврзува со спортскиот дух на компанијата.

Би можело да ве интересира

Како што најави пред некоја недела, Honda го претстави својот нов турер на база на Africa Twic - NT1100

Асоцијацијата Железен задник или оригинално именувана Iron Butt Association е организација посветена на безбедни и долги патувања со мотор. Глобално има повеќе од 75.000 членови, а оваа есен, го доби и првиот член од Македонија.

Минатата недела, според најавата, во јавност се појави втората епизода од серијалот на Ducati новитети најавен пред еден месец. Овој пат во епизодата Mark your roots претставени беа два нови модели Ducati Scrambler 1100 Tribute PRO и Ducati Scrambler Urban Motard. 

Мото клубот GUARDIAN ANGELS MC на 16-ти октомври ќе го прослави својот 13-ти роденден, а воедно ќе биде организирана и 11-та крводарителна акција.

Да, добро прочита Kawasaki официјлано најави хибриден мотор кој, се разбира, комбинира електрична енергија и стандарден мотор со внатрешно согорување. 

MotoGP на Instagram ги повика фановите да ги испратат своите видео снимки како го поздравуваат докотор. 

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.