Како што најави пред некоја недела, Honda го претстави својот нов турер на база на Africa Twic - NT1100

348206 2022 HONDA NT1100

NT1100, сосема логично го користи паралелниот двоцилиндарец од Africa Twin со зафатнина од 1084 кубни сантиметри. Има нов издув за да работи помирно во средишниот обем на моторот, има малку намалена моќност со 100,5 КС и 74ftlp но покрај ова агрегатот нема други поголеми промени. 

Нема големи промени ни во конструкцијата во споредба со Africa Twin, но разликите почнуваат да се гледаат кај формата на самото тело и кај амортизацијата. NT1100 има пократка суспензија која напред е поставена на 17 инчно тркало. Овој факт значи дека и висината на седењето е спуштена, што секако е добар вест за многумина. Висината на седиштето сега е поставена на 820mm. 

Ова е туринг мотор тоа е јасно, и очекувано е пластиката да има голема улога во заштитата од ветер за возачот и сопатникот а за поголем комфор тука е и големиот преден визир чија висина може да се менува во 5 различни позиции. Секако опремата, како и на сите нови туринг модели денес, е богата. Па така NT1100 нуди сет куфери, темпомат, централен потпирач и греачи на рачките како стандарна опрема. 

348093 2022 HONDA NT1100

Електрониката е онаа позната од Africa Twin, нема големи изненадувања тука, моторот доаѓа со контрола на тракција, корнеринг ABS и контрола на подигнување на предното тркало. Има три стандардни модови за возење и два кои може корисникот да ги прилагоди на своите потреби. Вреден за спомнување е и 6.5 инчниот TFT екран, осетлив на допир кој од сам старт нуди можности за поврзување со Apple CarPlay и Android Auto за користење на навигација, музика и телефонски повици. 

Honda NT1100 ќе биде достапен во 3 комбинации на бои: Matte Iridium Grey Metallic (сива), Pearl Glare White (бела) и Graphite Black (црна). 

Новиот NT1100 ќе биде достапен со калсичен, мануелен, менувач и DCT автоматскиот менувач на Honda. Она што е привлечно во најавата на овој модел е цената. Земајќи предив со која и колку опрема доаѓа овој мотор делува разумно позициониран вооднос на конкуретнтите. Најавата за британскиот пазар вели дека за верзијата со мануелен менувач ќе треба да се издвојат £11,999 а за таа со автоматски £12,999. 

Јасно е дека овие суми не се мали, но се сосема конкуретни на пазарот на туринг моторите. 

 

Back To Top