(Време на читање: 1 - 2 минути)


Ако мислевте дека Honda CB1000R 2018 е добар мотоцикл, тогаш имаме интересна вест за вас. Honda Motor Europe на EICMA мото шоуто во Милано дебитираше со два мотоцикли: Honda CB125R и Honda CB300R.

Ако мислевте дека Honda CB1000R 2018 е добар мотоцикл, тогаш имаме интересна вест за вас. Honda Motor Europe на EICMA мото шоуто во Милано дебитираше со два мотоцикли: Honda CB125R и Honda CB300R.

eicma 2017 2 158

Како што можете да процените од нивните имиња, Honda CB125R и Honda CB300R се уличи мотоцикли кои ја делат истата лиија со Honda CB1000R. Во суштина, Honda CB125R 2018 е редизајниран CBR125R и Honda CB300R 2018 е замена за Honda CBR300R.

И двата мотоцикли се наменети за помладата генерација и пазарите кои имаат построги закони за возачки дозволи. Но ако мислите дека овие мотоцикли немаат никакви напредни додатоци, тогаш грешите.

И двата мотоцикли се опремени со ABS сопирачки кои според Honda ги балансираат силите при сопирање кај предното и задното тркало како и целосни LED светла. Сигурни сме дека Honda CB125R ќе се најде на пазарот во Македонија, но би сакале да го видиме и 2018 Honda CB300R. Сметаме дека тој ќе биде одлично надополнување на Honda CB1000R, нешто што во моментов не успева да го направи Honda CB300F.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: