Без никакво сомневање, Ducati Panigale V4 супербајк е најинтересниот мотоцикл објавен оваа година. Ова не е само наше мислење бидејќи тој беше официјално прогласен за крал на EICMA шоуто.

Без никакво сомневање, Ducati Panigale V4 супербајк е најинтересниот мотоцикл објавен оваа година. Ова не е само наше мислење бидејќи тој беше официјално прогласен за крал на EICMA шоуто.

2018 Ducati Panigale V4 ја освои наградата за „Најубав мотоцикл на шоуто EICMA 2017“. И покрај силната конкуренција и учеството на голем број на мотоцикли, на тринаесетото доделување на оваа награда, Ducati успеа да стигне до својата деветта титула.

Ducati Panigale V4

Повеќе од 16,000 ентузијасти го одбраа Panigale V4 како нивен прв избор. Тој е најпопуларен мотоцикл како за посетителите на EICMA така и за читателите на интернет страната “Motociclismo”. Новиот супербајк на Ducati освои 61.17% од гласовите.

За време на последниот ден од манифестацијата, проект дизајнерот на Panigale V4, Јулиан Клемент ја подигна наградата во името на Ducati. Тоа беше круна на интензивната недела во која EICMA мото шоуто го посетија повеќе од 600000 илјади лица.

Новиот супербајк не само што импресионира со новиот изглед туку и секој негов дел претставува уметност сама по себе. 1,103 cc V4 мотор кој има компоненти од магнезиум е соединет со нова шасија која Ducati ја нарекува „Front Frame“.

Уживајте во големиот број на фотографии.

Back To Top