(Време на читање: 1 - 2 минути)


Honda го освежи својот предводник во сегментот на турери, Gold Wing Tour, за моделската година 2027. Легендарниот мотоцикл, кој својата 50-годишнина ја прослави во 2025 година, сега доаѓа со три нови бои кои треба да ја нагласат неговата елеганција и препознатлив дизајн.

Моделот останува технолошки предводник, задржувајќи го својот моќен 1.833-кубичен „flat-six“ агрегат со 24 вентили, кој испорачува 93 kW при 5.500 вртежи во минута и 170 Nm вртежен момент при 4.500 вртежи во минута. За 2027 година, Gold Wing Tour е достапен во новите нијанси: Iridium Gray Metallic, Graphite Black и Allumage Blue Metallic.

587999 27YM Honda GL1800 Gold Wing Tour

Развојот на Gold Wing Tour од 2018 година наваму е фокусиран кон создавање на покомпактен, полесен и поагилен мотоцикл, без притоа да се жртвува комфортoт. Алуминиумската рамка е дизајнирана околу предната суспензија со двојна вилушка (double wishbone), која овозможува прецизно управување и стабилност, при што предната вилушка овозможува вертикално движење на предното тркало и покомпактна позиција на моторот. Мотоциклот користи седумстепен менувач со двојна спојка (DCT), кој вклучува и „Walking Mode“ за лесно маневрирање при мала брзина (1,8 km/h напред и 1,2 km/h назад).

588000 27YM Honda GL1800 Gold Wing Tour

Технологија и комфор

Возачкото искуство е поддржано од системот Throttle By Wire (TBW) со четири режими на возење: TOUR, SPORT, ECON и RAIN. Секој режим ги прилагодува испораката на моќност, работата на суспензијата и интегрираниот систем за сопирање (D-CBS). За дополнителна ефикасност, DCT верзијата располага со Idling Stop систем и интегриран стартер-генератор (ISG), кој е за 2,4 kg полесен од стандардниот систем. Моторот е редизајниран во 2018 година, при што е постигната заштеда од 6,2 kg во однос на претходната верзија.

Комфорот е на врвно ниво, со електрично прилагодлив визир, греени седишта и рачки, како и простор за багаж со вкупен капацитет од 121 литар (топ-боксот нуди 61 литар простор). Инструмент таблата е опремена со 7-инчен TFT дисплеј, кој овозможува безжично поврзување со Apple CarPlay и Android Auto преку Wi-Fi. Резервоарот за гориво од 21 литар овозможува солидна автономија со просечна потрошувачка од 5,4 литри на 100 километри.

588003 27YM Honda GL1800 Gold Wing Tour

Клучни спецификации

  • Мотор: 1.833 кубика, 6-цилиндричен, 24 вентили
  • Моќност: 93 kW @ 5.500 вртежи
  • Вртежен момент: 170 Nm @ 4.500 вртежи
  • Тежина: 393 kg (верзија со DCT и Airbag)
  • Стандард: EURO5+
  • Капацитет на резервоар: 21 литар
Пријавете се за да ги добивате најважните содржини двапати неделно директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: