По неколку месечни шпекулации, денеска Јамаха официјално го претстави новиот спортски мотор базиран на MT-07 платформата со име Yamaha R7.

Целта на новиот модел е да ја пополни празнината помеѓу R3 и R1 откако популарната R6 не можеше да ги исполни Еуро 5 стандардите.

Новиот R7 е придвижен од паралелен твин агрегат со зафатнина од 689цц кој го има кај MT-07 моделот. Моторот развива 73кс но за разлика од MT-07 доаѓа со нова електроника, отвори за воздух и издув кои според инженерите на Јамаха ќе овозможат одлично возење на новиот модел.

2022 Yamaha YZF R7 03

За да го направат по „жив“ на ниски вртежи моторот доби по краток пренос, а како опција можете да го добиете и со квик шифтер. Разликите од МТ-07 продолжуваат со целосно новите предни вилушки кои се прилагодливи, а главниот кочионен цилендер е на Брембо. Секако тука е и ЛЦД инструмент таблата која вклучува индикатор на брзини и светло за менување на брзините.

Моделот се очекува да започне со продажба во октомври, цената за Македонија се уште не е позната но се очекува да биде пониска од конкурентите имајќи ја во предвид препорачаната цена на светскиот пазар.

Back To Top