BMW го претстави својот нов концет на електричен макси скутер наречен CE 04. Ако го тргнеме на страна футуристичкиот дизајн всушност станува збор за електричен макси скутер кој треба одлично да се снајде низ урбаните средини. 

Иако уште е во концепт фаза, дури и сега на ахртија CE 04 изгледа сосема реално и не далеку од достапен да за секојдневна употреба. Единствената разлика, на рв поглед е агрегатот кој го придвижува. Нормлано станува збор за електричен мотој кој според инфорамциите на BMW има моќност од сосема солидни 41.4 коњски сили и 45lb-ft моќност. Има досега околу 130 километри со максимална брзина од 120 километри на час. Од BMW велат дека од батеријата од 20% до 80% се полни за 45 минути со брз полнач но батеријата се полни и од самото кочење на моторот. 

 bmw ce 04

Најзабележителниот дел од овој концепт е големиот (10.25 инчен) TFT екран во кој е вградена навигација и можност за директно поврзување со телефон. Како да сакале BMW токму преку него да го истакнат фокусот на нова технологија кај CE 04. 

P90428728 lowRes the new bmw ce 04 th

Има брзина за возење назад. Делува чудно, нели? Но ако се земе предвид дека CE 04 тежи над 230 килограми веднаш станува јасно зошто се одличил производителот на овој потег, особено кога ќе треба да го „заглавите” низ градските улици и тесни паркинг места.  

CE 04 е најавен да се појави во продажба на почетокот на 2022 со цена која  надминува 12.000 евра. 

Back To Top