На вчерашната трета по ред премиера Ducati ја претстави најспортската изведба на новата Ducati Multistrada V4 S - Pikes Peak.
Иако името на овој модел влече историја која започна од 2011 година па наваму, сепак последните сеќавања не се позитивни. Од пред некоја година возење со мотор на познатата планинска патека Pikes Peak во Америка е забрането. Како и да е тоа не ги спречи Ducati да ја ревидираат нивната хит V4 машина и да ја прилагодат за оние кои уживаат во уште поагресивно спортко возење.
Во навата тие велат дека ова е најспортската Multistrada која ја направиле до сега, но за да не остане само на фалење тоа го потврдија со промените и надградбите кои ги направиле на постоечкиот MS V4 S модел. На огромно задоволство на голем број љубители на овој модел се враќа едностраниот свингарм, 17 инчното предно тркало, поагресивна позиција на седењето, нови бои, геометрија и уште еден нов режим на работа на моторот.
Како и своите претходници и последиот PP модел гордо ги носи боите инспирирани од MotoGP тимот на Ducati со истакнато Ducati Corse лого на предната кочница. Моторот е истиот V4 Grandturismo со 170 КС, но режимот на работа е променет, сега е уште поосетлив на рачката за гас и квикшифтерот дозволува поагресивно менување на брзините надолу. Сменет е издувот со карбонска верзија од Акрапович а новите 17 инчни тркала имаат полесни Marchesini алуминиумски фелни кои учествуваат со повеќе од половина од вкупната намалена тежина од 4 кг. Овие фелни сега одзвилуваат употреба на поспортски гуми со димензии 20/70 и 190/55.
Поголеми промени се направени во шасијата и нејзината геометрија. Заради помалите тркала сменета е геометријата и поместени се потпирачите за нозе. Надградени се кочниците и сега овој модел има 330mm дискови и врвните Brembo Stylema калипери а заменети се и плочките на самите кочници со оние кои ги користат на спортскиот Panigale V4. За заокружување на целокопната променета ергономија се грижат потесните и пониско поставени рачки.
Нема промени во суспензијата и сетот електронски додатоци. И овој модел има Ohlins полу активна суспензија, адаптивен темпомат со радари напред и позади и 6. инчен TFT екран во боја.
Цена уште нема, а се очекува да се појави во салоните во текот на месец декември.