Ducati ја претстави последната верзија на Scrambler Icon кој сега има нов електронски пакет како и мали промени во дизајнот.
Оваа верзија доаѓа после 4 години откако беше објавен првиот модел од овој бренд и кој се продаде во 55 илјади примероци. Благодарение на неговиот изглед како и на тоа дека е лесен за возење, моделот од 2015 година стана десетиот најпродаван мотоцикл кој има зафатнина поголема од 500cc. Ова беше прва ваква награда за компанијата со седиште во Болоња.
![]()
Денеска, Scrambler за Ducati значи многу повеќе отколку само еден обичен мотоцикл. А последниот модел ветува дека ќе биде многу забавен, удобен и безбеден благодарение на новата електронија, пред се на Bosch Cornering ABS.
Засега нема никакви најави дека моторот и шасијата претрпеле некакви промени. Актуелниот модел се уште го има 803cc, L-twin, 4 тактниот мотор со воздушно ладење на Ducati и кој има 75 коњски сили и вртежен момент од 68Nm. Сепак, шест брзинскиот менувач сега има помека хидраулична контрола.
![]()
Во однос на стилот, тој е многу сличен со претходните верзии. Има светли бои, алуминиумски држачи и единечно предно светло. Но, предното светло е сосема ново и сега на него е додадено LED DRL за да се добие подобра видливост.
Мотоциклот има и високи, долги рачки, ново седиште и променета суспензија. Исто како и останатите вакви мотоцикли и овој модел не е премногу тежок(очекуваме да биде некаде околу 170кг), а исто така има и низок центар на гравитација.
Новиот модел ќе се најде на продажба од ноември и ќе биде достапен во две бои: Atomic Tangerine или класичната 62 Yellow. И двете верзии ќе имаат црна рамка и црно седиште.
Со оглед на тоа дека наскоро ни пристигнуваат Intermot и EICMA, можете да очекувате голем број на нови и интересни модели.
![]()

Коментари