Мотоцикли

Custom Ducati Hypermotard

Кога имав 8 години, мојата мајка имаше пријател која имаше Honda Monkey и CB400, вели Хорхе Родригез.

Следете нè на:

 

Кога имав 8 години, мојата мајка имаше пријател која имаше Honda Monkey и CB400, вели Хорхе Родригез.

Во тоа време Португалија имаше многу 50cc, старомодни мотоцикли кои изгледаа како да се од друга планета. Пријателот на мајка ми дозволи да се качам на Monkey и од тогаш се заразив со мотоциклите. Чуството кое тогаш го имав можам наједноставно да го опишам само како „слобода и среќа“. Често гледаме вакви мотоцикли кои се изработуваат во елитни гаражи. Но некогаш и домашниот рецепт е едноставно неодолив. Хорхе Родригез е софтверски инжинер кој во својата гаража сака да прави мотоцикли.

Jorge Rodrigues Ducati Hypertracker flat track txt 2 22 04

Инспириран од Роналд Сандс и Holographic Hammer, Родригез досега има направено неколку мотоцикли, меѓу кои се 1998 Yamaha XJR1200 и Ducati Panigale 899. Токму 899 е опремен со лесни делови кои се дизајнирани со CAD а произведени со помош на 3Д принтер. Аеродинамичните додатоци кај Panigale се за 14 килограми полесни. Моделот XJR пак е опремен со тркала од Ducati 999 а вилушката и сопирачките доаѓаат од Suzuki GSX-R.

Но и покрај неговите вештини, тој сепак се соочува со неколку проблеми кои им се познати на сите мотоциклисти. „Ги чувам сите мои креации но за жал мојата сопруга вели дека веќе немаме место во гаражата. Нејзиниот автомобил мора да го паркира надвор. Затоа морав да продадам неколку модели за да ослободам простор за нови креации.“

Последна креација е неговиот Ducati Hypertracker кој е supermoto претворен во flat tracker.

Jorge Rodrigues Ducati Hypertracker flat track txt 3 22 04

„Flat track е нешто неверојатно“, вели Родригез. „ Морате да имате добра вештина за да се натпреварувате толку блиску до останатите возачи а сето тоа да го направите без предна сопирачка. Затоа и решив да направам ваков мотоцикл. Очигледниот избор би бил Harley но тој го нема она што јас го барав-моќноста, рамката, суспензијата. “

„Јас сум фан на Ducati и ги разгледав нивните алтернативи. Изборот беше меѓу Flat track и Hyper. Втората опција повеќе ми се допадна и морам да признаам дека беше вистински предизвик. “

На секој flat tracker му требаат up-pipes па затоа Родригез реши сам да ги направи. „Тие беа тешки поради неколку причини. Бараат нова подрамка која мора од почеток да се направи. Вториот предизвик е како да го поврзете задниот цилиндер околу амортизерот и другите компоненти. Третиот проблем кој морате да го решите е како да направите да не си ја изгорите ногата додека возите. Оригиналниот Hyper има придушувач на звук изработен од јаглеродни влакна. Звукот од новиот придушувач е на граница на тоа дали е легален или не.Но тој е неверојатен! “

Како што вели Родригез, подрамката била посебен предизвик. „Неа ја направив заедно со еден пријател. Најтешкиот дел беше да се најде вистинската геометрија за да може перфектно да се совпаднат сите делови. Имаше многу обиди и грешки, Истовремено, таа треба да биде доволно цврста за да го држи новиот издув. Ако го направам одново мислам дека ќе можам да скратам на неколку делови и тежината да биде за три килограми помала.“

Jorge Rodrigues Ducati Hypertracker flat track txt 4 22 04

За да го добие изгледот кој го посакува, Родригез мораше да им го промени местото на некои од деловите од оригиналната верзија. „Резервоарот кај оригиналниот Hyper се наоѓа под седиштето. Тој е многу чуден мотоцикл. Електрониката се наоѓа под страничните штитници. “

Родригез зема резервоар од Ducati Scrambler и го модификуваше да работи кај Hypertracker. Пумпата за гориво кај Hypertracker се наоѓа позади. Вели дека ја поместил пумпата понапред и одново ја поврзал со резервоарот за гориво. „Оригинаниот резервоар сега е воздушна кутија а целата електроника е по страна. Морав да направам уште една рамка под резервоарот и да ја поврзам целата електроника. Тешко беше да се најде простор и за новите K&N  воздушни филтри. Но поврзувањето на каблите беше најтешко. Морав многу да работам за сето тоа да се усогласи со новата конфигурација.“

Jorge Rodrigues Ducati Hypertracker flat track txt 5 22 04

Да се прави нов мотоцикл за време на пандемија е дополнителен проблем. „Од една страна имате повеќе време но тешко е да најдете се што ви треба. Но ако цело време сте затворен дома, тогаш подобро е ова да го правите отколку да гледате телевизија.“

Родригез ја персонализираше и ергономијата преку тоа што додате малку искривени рачки од Rizoma. Седиштето е специјално дизајнирано во X&M Custom Leather од Лисабон. Светлото доаѓа од Purpose Bult Moto од Австралија додека пак за трепкачите и огледалата задолжени се Motogadget од Берлин. Ducati Scrambler го донираше задниот дел.Посебен човек беше задолжен за бојата.

Но возењето на Hypertracker е вистинска награда за целиот вложен труд. Споредувајќи го Hypertracker со Ducati Hypermotard 1100 S, Родригез вели дека неговиот мотоцикл е полесен, позицијата за седење е многу подобра и возењето е поедноставно.

Jorge Rodrigues Ducati Hypertracker flat track txt 6 22 04

Родригез сепак признава и дека има недостатоци. „Кога возите на некоја надолнина, треба да внимавате на издувот да не се изгорите. Треба малку да поработам и на седиштето и на моторот, но ова е само во случај да се најдете во гужва.“

Според него, Hypertracker е супериорен во споредба со 899. „ Hyper е најдобриот мотоцикл кој го имам за овие патишта. Panigale  е полесен и помоќен но имате помала контрола.“

Jorge Rodrigues Ducati Hypertracker flat track txt 7 22 04

Мотоциклот е опремен и со HealTech iQSE-1 quickshifter кој користи Bluetooth технологија како и апликација за телефон.

„Конечниот резултат, после 18 месеци работа, е мотоцикл кој не само што е убав туку е и одличен за возење. Многу е подобар од оригиналниот Hypermotard .“

Би можело да ве интересира

Патеката Херез во Шпанија ќе биде домаќин на третата трка во сезоната. Во продолжение следува распоредот за сите сесии.

Ривалите на Французинот добро се сеќаваат на минатата година. Но ова е 2021-ва и ништо не е гарантирано.

Хорхе Лоренцо вели дека Марк Маркез возел без никаков страв на првата трка после долгата пауза која ја имаше поради операцијата на раката. Според поранешниот шампион, лошиот баланс помеѓу предната и задната гума е главната причина за излетувањата во Портимао.

Suzuki претстави подобрена верзија на GSX-S1000. Новата машина сега е помоќна од било кога досега.

Реа и ZX-10RR беа подобри од Кал и М1 на патеката во Арагон.

Од вториот до осмиот круг има најголемо оптоварување врз сопирачките. Пред крајот на трката, притисокот врз нив се намалува за 20 проценти, велат од Brembo.

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.