Кога Harley-Davidson го претстави Pan America на EICMA мотошоуто минатата година, очекувавме дека овој период веќе ќе го имаме во продавниците.
Кога Harley-Davidson го претстави Pan America на Eicma мотошоуто минатата година, очекувавме дека овој период веќе ќе го имаме во продавниците. Но во мај се појави коронавирусот а потоа дојде и до промена на менаџментот на компанијата. На крајот ни беше кажано дека ќе мораме да почекаме до 2021 година за да ја видиме оваа машина.
После тоа работите се стишаа и гледавме како компанијата го откажа другиот модел, Bronx а верзијата Sportster стана жртва на Euro 5 легислативата во Европа. Почнавме да се прашуваме дали моделот воопшто ќе се појави на пазарот.
Но сега се појавија слики од Pan America на турнеја низ Европа. А бидејќи компанијата веќе почна да прима нарачки, очекуваме оваа машина најдоцна до крајот на март да се појави на пазарот.
Pan America прв пат беше најавен во 2018 година и предизвика голема возбуда во светот на мотоциклите благодарение на новиот мотор со водено ладење. Главниот човек за дизајн на компанијата тогаш изјави дека во суштина тие креирале џип на две тркала кој се разликува од стилот кој го применуваат Јапонските и Европските производители.
Се чини дека Harley-Davidson нема направено никакви драстични промени од верзијата која ја видовме во Италија во 2019 година. Тука се уште е големиот TFT екран, прилагодливото ветробранско стакло, контролата на патувањето, загреаните рачки, Brembo сопирачките. Од компанијата велат дека новиот мотор ќе има 145bhp и 90lbft of torque, што пат спаѓа во територијата на BMW R1250GS.
Мотоциклот веќе беше претставен во неколку продавници во Франција, Холандија, Шпанија и Португалија а оние кои го видоа мотоциклот веќе објавија слики и видеа на социјалните медиуми.
Очекуваме моделот и официјално да пристигне во Март 2021. Иако се уште нема официјални информации околу цената, се очекува препорачаната цена од производителот да изнесува околу 17 000 евра. Слична цена има и Ducati Multistrada Pikes Peak.
Џип на две тркала од Harley Davidson.
Harley-Davidson Pan America 1250 наскоро ќе се најде во продажба и таа ќе биде една од најконтроверзните машини на пазарот. Од компнијата ветуваат многу па затоа разговаравме со дизајнерот на оваа машина.
„Добро ја погледнавме конкуренцијата“, вели Бред Ричардс, потпретседател за изглед и дизајн. „Едно нешто кое го забележавме е тоа дека речиси сите го копираат BWM. Забележавме дека речиси никој не го користи Северно Американскиот дизајн за да направи авантуристички-туринг мотоцикл. Никој досега не дизајнирал џип на две тркала.Тоа беше работата која не потикна.“
„Една од клучните работи беше и тоа дека и покрај тоа што правиме авантуристички мотоцикл, луѓето веднаш ќе треба да знаат дека станува збор за Harley-Davidson. “
Ричардс признава дека воопшто не била лесна креацијата на мотоциклот. „Со секоја машина која ја дизајнираме, поминуваме низ одреден процес. Неколку месеци работиме само на скици и цртежи. Во тој момент имавме неколку навистина чудни дизајни.“
„Но штом го постигневме ова што го гледате сега, знаевме дека имаме нешто посебно и уникатно. Знаевме дека ќе има поделени мислења а некои луѓе од компанијата сакаа да искористиме повеќе од изгледот кој го има BMW. Знаевме дека ќе биде тешко да убедиме многумина со овој дизајн но одлучивме да одиме до крај.“
Pan America 1250 е прв чекор на Harley-Davidson во светот на авантуристичките машини. Од компанијата тврдат дека тој има повеќе од 145bhp и 90lbft of twist. Колку само за споредба, BMW тврди дека 134 коњски сили и 105 torques кај R1250GS.
Околу моторот се наоѓа нова рамка и нова подрамка, Brembo сопирачки како и нова Showa суспензија. Исто така има и неколку додатоци карактеристични за авантуристичките мотоцикли. Со оглед на големината на резервоарот, очекуваме дека со полн резервоар ќе можете да поминете повеќе од 200 километри.
https://youtu.be/02xEovSnSz0