На сите им стана јасно дека Harley-Davidson премногу рано влезе во трката на големи електрични мотори, и веројатно затоа не поминаа баш многу добро. По серија промени внатре во самото управување на копанијата и нови стратешки определби периодов во пракса почнаа да спроведуваат уште една ваќна одлука. LiveWire се двои како посебен бренд. Нема веќе да го носи логото на HD и она што е веројатно повежно, има нова ценовна политика. 

Новиот модел се вика LiveWire One и доаѓа со нови бои и скоро идентични спецификации како неговиот претходник. За почеток овој модел ќе биде понуден само на американскиот пазар.  Според најавите на производителот цените, со субвенциите за овој тип возила кои се нудат во различните федерални држави во Америка, ќе се спуишти и до 20.000 доолари, што е од прилика 26% помалку од актуелната. 

 LiveWire 2021 Wht 001

Jochen Zeitz, генералниот директор на Harley-Davidson во најавата на оваа новина изјав: “Како дел од новата т.н. Hardwire стратегија, се обврзавме дека Harley-Davidson ќе биде лидер во сегментот на електрични мотори. Го препознаваме пионерскиот дух и вредноста на LiveWire за нашата заедница и донесвме одлука да го развиеме токму него како посебен бренд со фокус на овој сегмент. Денес LiveWire One се базира на гените на Harley-Davidson но со комплетен фокус на електричниот погон. Harley-Davidson и LiveWire ќе продолжат да ја менуваат мото индустријата и да го збогатуваат наследството на компанијата.”

Што се однесува до техничките карактеристики тие остануваат исти, како што напоменавме, значи добивате 104 коњски сили, 234 км декларирана автономија, компјутерска единица со сензори на шест оски и брзо полнење од еден час. 

LiveWire 2021 Wht 005

Нови цени и бои во Европа се очекуваат следната година. А дотогаш може да го погледнете последното тест возење на овој модел од страна на Bike Rider. 

Back To Top