Ducati официјално го претстави 2021 Multistrada V4 и овојпати ги имаме сите детали за мотоциклот.
Веќе неколку години фабриката од Болоња ни го најавува најновиот V4 модел и денеска конечно е пред нас. Веќе знаеме дека V4 моторот има 168bhp при 10,500 вртежи во минута и 92ft-lb of torque при 8750rpm. Иако тоа не е ништо посебно, тој има помала моќност од Panigale V4s и Streetfighter.
Тоа е така бидејќи кај новиот мотор ги нема вентилите од Desmodromic. Зголемен е и капацитетот на моторот, од 1103cc на 1158cc. Отстранета е старата челична единица и сега околу моторот има алуминиумска рамка. Исто така ја нема ниту единечната задна вилушка од V-twin моделот и таа сега е заменета со редизајнирана „double-sided “ алтернатива.
Multistrada V4 стана првиот модел кој се произведува со радарски водена технологија за контрола на патувањето (како дополнителна опција по цена од 2000 евра). За разлика од моделот на BMW, Multistrada исто така ќе има радар и на задниот дел за да го предупреди возачот ако некое возило забрзано му се приближува.
Исто така добивате и ABS, контрола на тракцијата како и неколку режими на возење. Сите овие работи се контролираат преку новиот TFT екран.
Со полесен и покомпактен мотор како и новата алуминиумска шасија, Multistrada V4 тежи само 215 килограми. Сопирањето е благодарение на радијалните клипови на Brembo како и дисковите од 330мм. Електронската Skyhook суспензија автоматски се прилагодува како што возите.
Multistrada V4 е достапен како „standard trim“ ( кој има механички прилагодлива Marzocchi суспензија, M4.32 Brembo и чини £15,495), S (опремен со Skyhook суспензија и Stylema сопирачки по цена од 18,395 фунти) или пак S Sport по цена од 19,995 фунти. Овој модел ги има сите додатоци карактеристични за S линијата плус издуф од Акраповиќ и штитник за кал изработен од јаглерод. Цените на овие модели се препорачани од производителот а се уште немаме информација која ќе биде нивната цена во Македонија.
S и S Sport верзиите имаат систем за осветлување во свиоците како и поголем TFT екран кој можете да го користите за навигација кога ќе го поврзете со апликацијата на Ducati. Иако радарскиот систем е опција кај сите модели, кај S и S Sport верзиите како стандарден дел ја добивате контролата на патувањето како и up/down quickshifter.
Основниот модел е во црвена боја и леани тркала. Кај S верзијата можете да одберете меѓу сива или црвена боја со леани или spoked тркала. Sport верзијата има црни,бели,црвени и сиви обележја и можете сами да си одберете какви сакате тркала.
Ducati Multistrada – спецификации и цена
Ducati Multistrada V4 - from £15,495
Available in red only with black, cast wheels
Ducati V4 Granturismo 1158 cc engine
50mm Marzocchi adjustable fork with 170mm travel and adjustable shock with 180mm travel
Pirelli SCORPION™ Trail II, 120/70-19” tyre on the front and 170/60-17” on the rear
Bosch-Brembo 10.3ME Cornering ABS system
320mm front brake discs, Brembo M4.32 4-piston radial callipers
Full LED headlamp with DRL system
Instrument panel with 5” full colour TFT screen
Ducati Multimedia System (DMS)
Inertial Measurement Unit (IMU) Bosch
Power Mode
Riding Mode
Ducati Wheelie Control (DWC)
Ducati Traction Control (DTC) EVO
Ducati Multistrada V4 S - from £18,395
Available in red or grey with cast or spoked wheels
Electronic semi-active Marzocchi Ducati Skyhook Suspension (DSS) Evolution suspension system with Autoleveling function. 170mm travel front and 180mm rear
330mm front brake discs with Brembo Stilema 4-piston radial callipers
Full LED headlamp with DRL system and Ducati Cornering Lights (DCL)
Keyless ignition
Instrument panel with 6,5” full colour TFT screen
Ducati Connect with smartphone, music, and navigator app
Ducati Quick Shift (DQS) Up&Down
Cruise Control
Vehicle Hold Control (VHC)
Ducati Multistrada V4 S Sport - from £19,995
Dedicated livery
Same spec as S model plus Akrapovic exhaust and carbon mudguard