Пред нешто повеќе од две години објавивме дека Aprilia работи на дво цилиндричен спортски мотоцикл кој ќе биде подостапна опција од водечката машина на компанијата, RSV4 супербајк.
Откако го најавија прототипот на EICMA 2018 а потоа ја претставија и продукциската верзија, очекувавме Aprilia RS 660 да дебитира како модел за сезоната 2020. Но тогаш се појави коронавирусот и ги промени плановите.
Сега откако во Италија нема повеќе карантин, мотоциклот конечно може да биде претставен. Секако 2021 Aprilia RS 660 ќе биде достапен во САД а првите верзии се очекуваат некаде околу Божик.
Некако долго и нетрпеливо го чекавме овој мотоцикл. Минатата недела имавме можност да ја тестираме оваа машина.
Го тестиравме Aprilia RS 660 на патиштата во близина на Санта Барбара и од прва рака можевме да се увериме во уникатната креација која ни доаѓа од Ноале.
Дозволете ми претходно да ви покажам неколку фотографии од Aprilia RS 660. Мислам дека преку нив полесно ќе се разбере што сакаат да постигнат италијанците. „Lightweight-twin“ категоријата е можеби најзанемарениот простор во мото индустријата. Категоријата е дефинирана од цена-поени мотоциклите (Suzuki SV650 и Kawasaki Ninja 650) а тука можеме да го вметнеме и Yamaha MT-07. Но сето тоа се промени кога се појави KTM 790 Duke. Секако, оваа машина беше неколку илјади долари поскапа од моделите кои ги набројав но оваа машина сосебе донесе и неколку од карактеристиките кои ги имаат големите мотоцикли. Одеднаш сите почнаа да ги забележуваат перформансите на машините од оваа категорија, нешто на што дотогаш многу малку се обрнуваше внимание.
Она што е уште поважно е тоа дека категоријата отвори можност OEM да врати дел од потрошувачите кои си заминуваа од стагнирачкиот 600cc supersport сегмент.
Конечниот резултат беше фантастичен и со право можеме да кажеме дека KTM 790 Duke беше еден од најдобрите мотоцики на пазарот.
Но сега и Aprilia сака да се вклучи во играта а Италијанскиот бренд ветува многу со својата 660cc платформа.
Прв на пазарот е Aprilia RS 660 но наскоро очекуваме да го видиме и Аprilia Tuono 660 соголениот мотоцикл а можеби веќе ова време следната година и Aprilia Tuareg 660 авантуристичкиот мотоцикл.
Со цена од 9500 евра за 2021 Aprilia RS 660, Италијанскиот бренд делува примамливо за возачите.
Иако Aprilia RS 660 е дел од оваа нова „lightweight-twin“ револуција, тешко можеме да го споредиме со другите мотоцикли од оваа група. Според цената и додатоците се чини дека KTM 790 Duke е најдобра опција за тоа.
Нo, Австриската машина е малку поефтина, нема надворешни додатоци и најверојатно во САД нема да биде достапна верзијата за сезоната 2021. Останува да видиме каков ќе биде основниот модел на KTM 890 Duke.
Италијанскиот ривал на Aprilia на пазарот го претстави Ducati Supersport. Двете машини делат неколку заеднички работи, како што е слично користење на ергономијата. Но Supersport е за 2500 евра поскап од RS 660. Покрај ова, Ducati флертува со „liter-bike “ категоријата благодарение на моторот од 950cc.
Јапонските брендови? Тие припаѓаат во комплетно различка категорија на цени а има и уште неколку други разлики. Покрај тоа, Suzuki SV650 и Yamaha MT-07 повторно се соголени машини. Kawasaki Ninja 650 сепак доаѓа комплетен.
Ова ја прави Aprilia RS 660 тежок мотоцикл за компарација во споредба со она што е достапно на пазарот. Можеби најдобра опција е Aprilia Tuono 660 кој наскоро ќе биде достапен.
Но како и да е, секогаш сме тука да го понудиме нашето мислење.
Aprilia RS 660, според бројките
Доколку ги погледнеме техничките спецификации, стартот мора да ни биде кај 659cc parallel-twin моторот и неговиот 270° crank configuration.
Моторот има 81mm bore, исто како и кај Aprilia RSV4 1100 Factory. Од компанијата велат дека верзиите за САД ќе имаат помалку од 100hp заедно со 49 lbs•ft of torque при 8,500 rpm.
Ова значи дека поголем дел од акцијата кај Aprilia RS 660 се случива повисоко од 7,000 rpm. Понекогаш, при помал број на вртежи машината може да ви делува неинспиративно. Но јас искрено сум импресиониран од тоа како Aprilia успеa да креираат ваква машина.
Всушност, над 7.000 rpm, кривата на вртежниот момент е толку мазна пред да се исклучи на 10.000 вртежи, и може да биде тешко да разберете кога треба да префрлите во следната брзина.
Оваа машина има и интегриран IMU. Тоа значи контрола на тракцијата, ABS во свиоци како и контрола на сопирањето. Се планира и „launch control“ како и тркачки пакет. Контролата на патувањето доаѓа како стандарден дел заедно со пет режими на возење и три моторни мапи. Искрено, освен ако не врне, не гледам друга причина зошто не би ја искористиле целосната моќ на RS 660.
ABS сопирачките можат да се подесат само за предното тркало. Тие сепак не можат целосно да се исклучат.
Додека возевме по улиците немавме можност целосно да ги испробаме сите додатоци на овој мотоцикл. Компанијата тврди дека оваа машина е тешка 182 килограми и немаме причина да не им веруваме. Но кога го возите овој мотоцик тој делува многу лесен и компактен.
Од Aprilia велат дека нивната цел е оваа машина да се најде некаде помеѓу Yamaha YZF-R6 и Kawasaki Ninja 650 во однос на позицијата на возење и комфортот. Всушност ова е прилично добар начин да се опише Aprilia RS 660.
Позицијата на телото не е толку екстремно како кај комплетните суперспорт машини но во исто време не сте ни толку исправен како кај стандардните мотоцики. Положбата на нозете дефинитивно е спортска. Ова овозможува многу лесно да возите низ кањони но и на автопат. И седиштето е доволно удобно.
Контролите на рачките се прилично интуитивни и вклучуваат специјално копче за режим на десната страна. Квачилото беше малку потешко за притискање но поради up/down менувачот немав голема потреба од него.
5 инчниот TFT екран не е некоја голема револуција но се издвојува во оваа категорија. Лесно можете да го користите.
Можеби мојот најдобар дел кај Aprilia RS 660 е задното седиште. Иако ова можеби ви звучи чудно но Aprilia успеа да креира нешто кое сигурно во иднина ќе биде копирано од нејзините ривали.
Според стандардите за спортски мотоцикли, седиштето е прилично големо но изгледа неверојатно удобно. Но она што е карактеристично е големиот пристор кој го имате под седиштето.
Каков татко, таков син
Откако го напуштивме градот и заминавме кон кањоните, веднаш можеше да се забележи ДНК-та на Aprilia RS 660. Можеби на прв поглед делува како добар мотоцикл за возење низ град кој има и одлични додатоци, но оваа машина е многу добра и за други работи.
Ако ги погледнете спецификациите ќе видите многу сличности кај моторот помеѓу RSV4 и RS 660. Но според тестовите, најдобар резултат покажала шасијата.
Доколку притиснете на гаста низ свиоците, на RS 660 го имате истото чувство како да возите RSV4. RS 660 многу лесно можете да го префрлите од една на друга страна. Мислам дека помалата ротирачка маса на моторот на RS 660 како и целокупната тежина на оваа машина играат голема улога. Замислете само што би можеле да направите со Aprilia RS 660 доколку има полесни тркала.
Но не е се така идеално. Барем мене не ми се допаѓаше суспензијата и сметам дека таа беше премногу мека. Но многу ми помогнаа Kayaba вилушките и задниот амортизер.
При поголема брзина кај Aprilia RS 660 се осеќа мала вибрација. Причината поради која го кажувам ова е бидејќи сакам да кажам дека parallel-twin кој ни доаѓа од Ноале не е толку мазен како некои четири цилиндрични машини. Менувачот работи беспрекорно и RS 660 нема никаков проблем во овој дел.
Не импресионираа и сопирачките кои даваат добро чувство. Би кажал дека кога станува збор за кочниците Aprilia RS 660 е лидер, иако морам да напоменам дека конкуренцијата е прилично слаба.
Едно нешто кое ме изненади е тоа колку е само тивок издувот. Како да не постои, вака накратко би можел да го опишам. Во свет на Euro5 и EPA критериумот за звук, ова е новото нормално. Но сигурен сум дека на пазарот ќе се појават делови со кои повторно ќе можете да ги нервирате вашите соседи.
Овој мотоцикл добива бонус поени за изборот на пневматици. RS 660 е опремен со Pirelli Diablo Rosso Corsa 2. Веќе имам кажано дека за мене овие гуми се најдобрите спортски пневматици на пазарот и затоа не сакам да се повторувам. Само ќе кажам дека Aprilia го направиле вистинскиот избор.
Слободно можам да кажам дека овој мотоцикл е многу повеќе отколку само комбинација на делови.
Роден убиец
Дел од нашето тест возење го поминавме без да извозиме неколку кругови на тркачка патека. Знам дека многумина ги интересираат перформансите на оваа машина на вакви услови бидејќи некои од карактеристиките на овој мотоцикл можат вистински да го покажат својот потенцијал само на ваква патека.
Многу се зборува за оваа машина и очекувам наскоро да видиме многу SV650 и MT-07 тркачки мотоцикли. Причините за тоа се очигледни: Потенцијалот на 100 кс/182 кг уличен мотоцикл кој има целосен електронски пакет ги менува правилата на игра во Lightweight / Twin тркачките категории.
Дури и со оваа цена, Aprilia RS 660 има потенцијал да биде поефтина опција од другите мотоцикли во оваа категорија кои имаат слични спецификации.
Иако не можам да оценам каков е Aprilia RS 660 на тркачката патека, има неколку работи за кои сите оние кои сакаат вакво возење треба да бидат свесни.
Прво, ова е мотоцикл изграден според одредена цена. А тоа значи дека некои работи недостасуваат. Aprilia сепак изиграле паметно во однос на недостатоците. Brembo сопирачките не се ништо посебно иако се споени со 320 дискови и главен цилиндар со радјална пумпа. Сепак, овој пакет е многу далеку од она што KTM или пак другите компании го носат во оваа категорија.
Професионалните тркачи сигурно очекуваа добри перформанси но за обичните возачи мислам дека цеокупниот пакет ќе им биде доволен. Истото може да се каже и за суспензијата.
Главниот проблем настанува кога ќе ги погледнете рачките.Сметам дека тука Aprilia направила најмногу кратења. Рачките и предните тројни клеми се една единица. Доколку сакате да смените една работа тогаш ќе мора се да смените. Можеби тоа не е тешко но секако е непотребно.На сличен проблем ќе наидете и доколку сакате ново задно седиште.Со овој дизајн можеби се заштедува на цена и на тежина но ја прави обината модификација маку поголем проблем за возачот. Сметам дека и за повисоките возачи треба поголемо ветробранско стакло.
Иако Aprilia официјално не сака да потврди, речиси е сигурно дека ќе се појави и тркачка верзија на оваа машина.
Дали би го купиле?
Доаѓаме до делот за кој сме сигурни дека многумина ги интересира. Дали би ги потрошил моте пари на Aprilia RS 660.
Накратко, Aprilia RS 660 одговара на возбудата што ја ветуваат неговите спецификации. Освен тоа RS 660 е изненадувачки одличен уличен мотоцикл и ова може да биде тајното оружје на машината.
Иако ако ги гледате само спецификациите сигурно мислите дека станува збор за тркачка машина, овој мотоцикл е одличен за уличните возачи како и за оние кои се почетници во светот на мотоциклите.
Нашето тест возење беше многу подобро отколку со некој друг мотоцикл иако според мојата висина и не сум баш пример за италијански тест возач.
Севкупно гледано сметам дека Aprilia добро се движи по линијата меѓу целосен суперспорт и уличен мотоцикл и дека овој пат креираше нешто помеѓу.
Во моментов на пазарот единствен мотоцикл кој ми го привлекува вниманието освен Aprilia RS 660 е KTM 790 Duke, но како тшто кажав на почетокот, тоа е несовршена споредба.
Во односна цената, КТМ доаѓа пред Aprilia но и RS 660 е прилично добар. Останува да видиме што планира КТМ со 790(или 890 според најавите) за 2021 година. Тука се уште е нејасно ниту какви ќе бидат сопирачките, суспензијата ниту пак пневматиците.
Уште повеќе ме интересира каква ќе биде споредбата помеѓу Tuono 660 и KTM 790/890 Duke.
Но да се навратиме на она што е најважно. Ако сакате full-fairing lightweight-twin кој има вистински суперспорт карактеристики, тогаш на пазарот нема подобра опција од Aprilia RS 660.
Но дали јас би го купил 2021 Aprilia RS 660? Можеби...
Забелешка
Знам дека одговорот е нејасен но има добра причина за тоа. Не би било професионално доколку не ги напоменев забелешките до кои дојдовме за време на тест возењето. Бидејќи возевме пред-продукциска верзија, од компанијата ни кажаа дека има некои делови на кои компанијата се уште работи.
Практично имавме забелешки кај речиси сите делови. Светлото за ABS сопирачките постојано трепкаше. На почетокот на возењето се упали и сијаличката за проверка на моторот. Голем проблем настана и кога мотоциклот одеднаш самиот за угаси. Не еднаш туку два пати додека возевме.
Колку и да е добар мотоциклот, не можам да препорачам одредена машина на нашите читатели која се соочува со вакви проблеми. А ние можеме само да го тестираме мотоциклот кој го имаме на располагање а не и идните намери на производителот. Од компанијата не уверија дека станува збор за мали проблеми кои настанале додека машината била на монтажната линија и дека се работи на нивно отстранување.
Но и претходно имаме слушнато вакви ветувања а нивното решавање не било секогаш успешно. Сигурно ќе биде јануари пред да имаме можност да ја тестираме продукциската верзија на оваа машина.
Колку и да е примамлив Aprilia RS 660 како мотоцикл, начинот на кој една компанија се однесува кон своите клиенти е клучна компонента за мојата одлука дали да купам одреден производ. Во тој поглед, Aprilia досега од мене не направи да верувам во RS 660. Се надевам дека ќе докажат дека не сум во право.